НОВОСТИ

НОВОСТИ

Адора инженринг со свој штанд се претстави на промотивниот настан „Отворен ден-запознајте го УКИМ“

Адора инженринг со свој штанд се претстави на промотивниот настан „Отворен ден-запознајте го УКИМ“

Денеска на платото пред Ректоратот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“-Скопје  се  одржа промотивниот настан „Отворен ден-запознајте го УКИМ“  каде што со свој штанд се претстави и Адора инженеринг, давајќи им поддршка на студентите кои како компанија континуирано ги следиме и помагаме. DSCN0107 Ден на високото образование во Република Македонија, се организира по трет пат од страна на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“-  Скопје и е наменет пред се за средношколците од средните училишта во Р. Македонија, но и за студентите  кои сакаат да дознаат нешто повеќе за програмите на постдипломски и докторски  студии.  Адора инженеринг имаше можност да ги запознае сите заинтересирани со активностите кои ги реализира во текот на целата година, а се поврзани со стипендирање и можност за извршување на практична работа во нашата компанија. DSCN0112 Манифестацијата беше збогатена со  музички хепенинг, голема забава со концерт на студенти од Факултетот за музичка уметност во Скопје и познатата македонска пејачка Дани Димитровска. Адора инженеринг во рамките на своите општествено одговорни активности го поддржува oбразованието како темел за напредок на младите луѓе за подобра иднина на Македонија.

Адора

Поврзани вести

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Со акцијата „Во спомен на Биби“, Адора обезбеди преглед на дојка за сите свои вработени жени

Под мотото „Свесни сме“, Адора Бизнис Групацијата организирано се придружи на розовиот октомври, месецот посветен на подигнување на свеста кај жените, за заедничка борба против

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора со хотелот на Златибор се најде на најпрестижните блогови за архитектура и дизајн во светот

„21st Century Zlatibor е уникатен кондо хотел лоциран во прекрасниот Златибор, во срцето на српските планини. Изграден од регионално реномираната Адора Бизнис Групација, тој е

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

„ОАЗА ОД ВКУС И ЕЛЕГАНЦИЈА НАСРЕД ПЛАНИНСКИ АМБИЕНТ“- 21ST CENTURY ZLATIBOR НИЗ ОБЈЕКТИВОТ НА SRBTEL.MK

Најпосетената планина во Србија, ова лето прослави 130 години од воведувањето на организираниот туризам. Во годината на јубилеот, за љубителите на планинскиот хедонизам, на Златибор

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

21 години Лидер & Предводник во високата градба во Македонија

На 28-ми август, православниот празник Голема Богородица, во 2002 година, потврдениот успешен стопанственик, општественик и филантроп, проф. д-р Ванчо Чифлиганец ја основа приватната компанија Адора

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ