Novogodisni_paketcinja_2021_(1)

АДОРА И ФОНДАЦИЈАТА ЧИФЛИГАНЕЦ СО НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА ИЗРАДУВАА 350 ДЕЦА ВО МАКЕДОНИЈА

олгогодишната традиција продолжи и на крајот од 2020, кога со обезбедување и делење на 350 новогодишни пакетчиња, Адора и Фондацијата проф. д-рВанчо Чифлиганец ги израдуваа најмладите на Детската клиника во Скопје, Црвениот Крст во Радовиш, Детската амбасада во Прилеп и Здружението на деца со посебни потреби во Скопје. Топ менаџментот на градежниот бренд и фондацијата другаруваа со децата и среќни поради непроценливите детски насмевки порачаа дека секое дете во светот заслужува среќа, радост и грижа, што е еден од приоритетите на општествено одговорната мисија на Адора. Посакувајќи им среќни праници, среќна, здрава и весела Нова 2021 година на најмладите генерации, Адора се заложи субјектите во бизнис заедницата, државата и граѓаните, заедно, да направиме сé во нашите можности сите деца да имаат еднакви можности за живот, образование, здравствена заштита, напредок и развој, со што ќе придонесеме за изградба на подобро и посреќно општество.

Архива