НОВОСТИ

НОВОСТИ

АДОРА СО НОВИ ИСКУСТВА И КОНТАКТИ ВО СВЕТСКАЛА ЛИГА ЗА ВОДОРОД НА САМИТОТ HYDROGEN EUROPE 2024

АДОРА СО НОВИ ИСКУСТВА И КОНТАКТИ ВО СВЕТСКАЛА ЛИГА ЗА ВОДОРОД НА САМИТОТ HYDROGEN EUROPE 2024

Многу нови контакти и средби со светската елита во чиј фокус е водородот, најнови сознанија за глобалните трендови во производство на зелена енергија и стремеж за воведување на иновациите во Македонија, се резултат од учеството на претставниците на Адора на најголемиот самит за водород во светот Hydrogen Europe 2024, кој неодамна се одржа во Холандија.

На самитот во Амстердам, на кој учествуваа повеќе од 400 високи носители на одлуки за водород, реномирани производители на енергија, купувачи, инвеститори, консултантски компании и политички лидери, беа најавени над илјада проекти, тешки 320 милијарди $, во време кога пазарот мора да ги преиспита стратегиите за зголемување, обезбедување удел и финансиско затворање на проектите за водород.

Нашите претставници, заменик претседателот на Adora Business Group Душко Чифлиганец и соработникот проф. д-р Драган Миновски, низ учество на интерактивните сесии се стекнаа со значајни искуства за најновите стандарди кои владеат на енергетскиот пазар за изградбата на инфраструктурен столб од светска класа за производство, користење, складирање и важноста на овој зелен извор на енергија. Адора, која како сопственик на најголемиот дел од капацитетите за затоплување на Град Скопје, од 2021 година е присутна во енергетскиот сектор во Македонија, на самитот Hydrogen застана рамо до рамо со првите имплементатори, информирани лидери и предводници, кои ќе го забрзаат процесот на транзицијата на водородот од пилот проекти до реална фаза на развој на овој главен зелен извор на енергија за иднината.

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ