Со традиционалниот поздрав Христот воскресе, Навистина воскресе, на сите православни христијани им го честитаме големиот празник Велигден.
Посакувајќи Ви пријатни и среќни празнични денови во духот на Христовото воскресение, нашата порака е да ги отвориме срцата за љубов, искреност, добродушност и хуманост, да се сакаме, да си простуваме, да се радуваме и взаемно почитуваме. На празникот чија симболика е победа на новиот живот над смртта, да го празнуваме животот во мир, слога и хармонија.
За многу години Велигден!