Адора урива рекорди на пазарот на недвижности на Златибор во Србија

Во угледниот Блиц и во повеќе српски медиуми денес одекна веста дека најголемиот македонски градежен бренд Adora Business Group по цена од 4.800 евра за m², го продаде најскапиот стан во Златибор, на најубавата планина во Србија, во рамките на својот прв проект 21st Century Zlatibor Residence, Spa & Wellness by Adora.

Српските медиуми објавија детали за апартманот кој ги урна рекордите со убедливо највисоката продажна цена на недвижност на Златибор и на пазарот на недвижности во Србија. Станува збор за penthouse на врвот од пионерскиот иноватиен проект на Адора 21st Century Zlatibor, со комфорна тераса од 100 m², декинг подна облога, поглед кон златиборските убавини и неверојатни содржини како џакузи хидромасажна када за 8 особи, што може да се користи и при снежни услови и опрема за уживање. Додека апартманот е комплетно опремен „од А до Ш“ со природен камин, најмодерна техника, луксузна декорација, перфектно дизајниран мебел, а во цената се вклучени прибор за јадење, постелнина и пешкири.

Всушност се работи за „инвестициски апартмани“ во рамките на хотелско-резиденцијалниот комплекс 21st Century Zlatibor by Adora, кои сопствениците ќе ги користат кога и колку ќе посакаат, додека Адора преку нејзиниот професионален „Hospitality менаџмент“ кој ќе се грижи за одржување и изнајмување на апартманите, ќе им овозможи и до 8 % годишен поврат на вложените средства.

Непосредно по овие објави, Душко Чифлиганец, заменик претседател на Адора Бизнис Групацијата и директор на Adora Living Solutions, фирмата ќерка,   инвеститор во Србија ни изјави:

„Адора во реализацијата на овој наш пионерски проект на Златибор, го вложи целото свое 20 годишно иксуство и постојан афинитет кон континуирани и прогресивни иновации во градежништвото. Ни причинува огромна чест и задоволство што на српскиот пазар на недвижности кој моментално е еден од најконкурентните во Европа, покажавме дека умееме рамноправно да се натпреваруваме со најдобрите. Голема е нашата благодарност кон српскиот народ, што со топло срце и на најпријателски начин не прифати како странски инвеститори и пред сè како луѓе“, порача Душко Чифлиганец. Погледнете ги објавите за македонскиот градежен лидер во српските медиуми:

www.blic.rs

www.bizlife.rs

www.informer.rs

www.rs.n1info.com

Архива