Slide12

АДОРА 10 ГОДИНИ САМОИНИЦИЈАТИВНО ВОВЕДУВА ФОТОВОЛТАИЦИ – ЗАДОЛЖИТЕЛЕН СТАНДАРД ВО ЕУ ОД 2020

Градежната и текстилната индустрија, двата клучни сектори од огромно значење за националната економија, се во фокусот на проектот кој стартуваше за развој на нови вештини што ќе доведат до отворање нови и подобри работни места во Македонија. Во проектот што го реализира УНДП со поддршка на британската влада, во рамките на програмата за развој на ООН во партнерство со министерството за образование, со конкретни искуства како претставник од градежниот сектор, учествува д-р Драгана Д. Чифлиганец, извршен директор во Адора инженеринг.

На on line презентацијата за тековната состојба и визијата во градежната индустрија и потребните вештини при воведување на иновациите, беше констатирано дека сега градежните фирми најчесто функционираат со десеттина вработени, наспроти состојбата во минатиот период, кога само Адора инженеринг имаше сопствено проектантско биро со искусни архитекти, сопствен инженерски тим од различни профили, стручњаци за енергетска ефикасност, правници, економисти и стотици квалификувани градежни работници и вешти мајстори. За д-р Чифлиганец посебно впечатливо е тоа што фотоволтаичните соларни системи кои користат енергија од обновливи извори, што Адора инженеринг прва ги воведе во колективното домување во Македонија пред десет години, дури сега се посочуваат како задолжителен стандард и нови технолошки и иновациски трендови во ЕУ од 2020-та година за градба на згради со речиси 0 потрошувачка на енергија. Станарите во објектите на Адора инженеринг 12 години ги уживаат придобивките на енергетски ефикасните економични згради за домување, со ниски сметки за електрична енергија, кои се посочуваат како задолжителни иновациски трендови во градежната индустрија во 2020-та година на европско ниво.

На стартот на двегодишниот проект, беше констатирано дека има недостаток на квалификувани над 50 илјади градежни работници во Македонија. Во идниот период за обезбедување одржливост на оваа индустрија, ќе мора да се стави фокус на дигитализацијата преку информациско 6Д моделирање на градбите и на развивање на вештините за изградба на пасивни згради со низа придобивки за граѓаните и за животната средина.

Архива