image-0-02-01

АДОРА FLATIRON СКОПЈЕ СО ФАСАДАТА ЌЕ ГО ДОБИЕ СВОЈОТ КОМПЛЕТЕН ЛИК

Со интензивна работа на фасадата, на што се ангажирани 50-тина искусни фасадери, новиот атрактивен комплекс Адора Flatiron Скопје, почнува да го добива својот конечен лик, што ќе биде со вистински сјај кога фасадата ќе биде комплетно завршена. По финализирањето на современата фасадна столарија и нејзиното застаклување, ќе се работи на уредување на атриумот-заедничкиот внатрешен простор во средишниот дел на објектот, низ кој во целиот комплекс продира природна светлина и циркулира свеж воздух.
Во меѓувреме, тимот на искусни стручњаци и докажани, вредни работници работат на поставување на внатрешните електро инсталации за греење и ладење и на водоводните инсталации. Менаџментот на градежната компанија Адора инженеринг потврдува дека изградбата на уникатниот комплекс Адора Flatiron во урбаното срце на Скопје, со модерни станови од 31 до 260 м² и луксузни деловни простории од 45 до 1.035 м², се реализира според највисоките европски стандарди за квалитетно домување, според утврдената динамика и зацртаните рокови.

image-0-02-01
Fasaderi Flatiron 2

Архива