Аида Чкалеска-Костова, купувач на стан од Адора инженеринг е добитник на вредната награда целосно бесплатно школување на Универзитетот Американ Колеџ Скопје во наградната игра „Купете стан, освојте школување“ што градежниот бренд ја организира за купувачите на станови и деловни простории во март по повод Саемот на недвижности RealExpo 2016 во Скопје. По јавното извлекување во Американ Колеџ, семејството Костови, видно возбудени и изненадени изјавија дека оваа прва награда што ја добиваат во животот е повеќе од добредојдена и ќе ја искористи синот Филип, кој по завршување на средното образование со ваучерот за додипломско образование ќе се запише на еден од факултетите на Американ Колеџ. „Целта на овој благороден проект, што го реализираме во соработка со Американ Колеџ е заедно да изградиме похумано, поздраво и посреќно општество со еднакви можности за сите граѓани. Традицијата на општествено одговорна компанија е дел од корпоративниот идентитет на Адора инженеринг, која успехот како најголем инвеститор во високоградбата и изградените 2.600 домови досега, години наназад го дели со заедницата и граѓаните. Наградата целосно бесплатно додипломско или последипломско школување на Американ Колеџ е уште една потврда дека градежниот бренд Адора инженеринг секогаш на своите купувачи им нуди повеќе од сигурен, квалитетен и економичен дом, возвраќајќи им за довербата и лојалноста со изненадувања и награди, како што е обезбедената едукација за посреќна иднина на купувачите и нивните семејства, а со тоа и за попросперитетна иднина на Македонија“.- порача на извлекувањето на наградата проф. д-р Ванчо Чифлиганец, генерален директор на Адора инженеринг, кој изрази надеж дека нивниот пример на успешно партнерство со Американ Колеџ, ќе го следат и други субјети во Македонија. „Со подадената рака кон униврзитетот и пред сè кон идните студенти, како хуман гест и алтруистички потег, Адора инженеринг праќа порака до заедницата дека својот бизнис успех може и сака да го сподели со другите, за што потврда е примената на високите градежни стандарди во објектите кои ги гради во однос на енергетската ефикаснот како глобален тренд во архитектурата и градежништвото и стипендирањето на купувач на стан за школување на Универзитетот Американ Колеџ. Потврда за општествената одговорност е залагањето на компанијата за високите стандарди како во градежништвото, така и во високото образование“.-порача во своето обраќање проф. д-р Мишко Ралев, декан на Факултетот за архитектура и дизајн на Американ Колеџ, што со поддршка на Адора инженеринг ја организира Меѓународната летна школа за архитектура и дизајн во Охрид за изградба на квалитетни и образовани кадри во Македонија. Адора инженеринг и фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец и во иднина продолжуваат со реализација на проекти за поддршка на образованието, науката, спортот, културата и хуманите активности од интерес на граѓаните и заедницата.