Dubai 1

АРХИТЕКТИТЕ НА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ВО ДУБАИ СЕ ИНСПИРИРАА ЗА НОВИ ГРАДЕЖНО-АРХИТЕКТОНСКИ ПОТФАТИ

Со посета на светските урбани атракции Дубаи и Абу Даби, кои се сметаат за современи градежни и архитектонски чуда, дел од архитектите и вработените во Адора инженеринг ги проширија своите професионални хоризонти и се инспирираа за креирање на нови проекти, во миговите на одмор од интензивната работа. Најголем впечаток на Ванчо, Марија, Смиља, Драгана и Душко им остави енормниот развој на современите метрополи на Блискиот Исток изникнати од пустина, со најубавите, најлуксузните и најиновативните градби во овој дел од светот, кои се одликуваат со софистицираност и најнови достигнувања на науката и технологијата. Островот Палма, највисоката кула во светот Burj Khalifa, хотелот-симобол Burj Al Arab, атрактивните облакодери, најголемиот шопинг центар во светот Dubai mall, Чудесната цветна градина на Дубаи со 45 милиони цветови, музичката фонтана и организираното урбано функционирање на овие мегаполиси, им дадоа интересни идеи на архитектите на Адора инженеринг за проектирање нови објекти за современо и квалитетно  домување на граѓаните и развивање успешни бизниси во Македонија.

Dubai 1

Dubai 5

Dubai 3

Dubai 2

Dubai 4

Dubai 6

Архива