Универзитетскиот професор, архитект Зорица Блажевска ја прими наградата „Андреја Дамјанов“, за животно дело во областа на архитектурата и градителството, од Асоцијацијата на архитекти на Македонија – ААМ.
Тимот на Адора Бизнис Групацијата ù честита за наградата на реномираната професорка Блажевска, која беше надворешен стручен соработник, консултант и проектант, во работата на Адора на неколку значајни комплекси на градежната компанија, меѓу кои се маркантниот урбан симбол на главниот град Адора Flatiron Скопје и Домот за згрижување и нега на стари лица Илинден-Скопје.
Наградата за животно дело, за почитуваната Зорица Блажевска е уште една валоризација и афирмација на нејзиниот повеќегодишен научно-истражувачки труд и богато творештво, каде особено место има реквалификацијата на архитектурата за третото животно доба.
Со доделување на наградата, професор Зорица Блажевска стана член на Архитектонската Академија при AAM. Свеченото врачување на наградата беше проследено со изложба на проекти и макети од архитектонскиот опус на Блажевска.