P1060458

БЕТОНИРАНА ПЛОЧА НАД ЕДИНАЕСЕТИ КАТ НА КОМПЛЕКСОТ АДОРА FLATIRON СКОПЈЕ

Во комплексот Адора Flatiron Скопје бетонирана е плочата над 11-ти кат, во која се вградени  392 м3 бетон со цврстина на бетон МБ 35 и 50 тони ребреста и мрежеста арматура. Стручниот и професионален градежен тим на Адора инженеринг, работи квалитетно и брзо според динамиката на предвидениот план и проект за изградба, под постојана контрола на проф. д-р Ванчо Чифлиганец, генералниот директор на овој градежен бренд. Објектот Адора Flatiron Скопје како спој на старото и новото, ќе го донесе духот на Њујорк во нашиот главен град и Македонија. Комплексот ќе понуди 279 станови распоредени во три ламели со три влезови, со површина од 31м2 до 260м2.  Странарите ќе имаат можност да домуваат комотно, функционално и современо, со распоред на шест станови на еден кат во секој влез, опслужен со шест модерни и брзи лифтови.  Дел од содржините на оваа зграда се ексклузивно декориран ентериер од реномирани дизајнери, застаклен внатрешен двор со природна светлина- атриум, прекрасен панорамски поглед, тераси на висина од 50 метри со целосна приватност. Адора Flatiron Скопје е комплекс кој ќе го збогати идентитетот на македонската метропола и ќе допринесе за попријатно социо-културно и просторно живеење.

P1060458

P1060490

DSCN0011

DSCN0028

P1060448

P1060508

Архива