НОВОСТИ

НОВОСТИ

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и енергетиката, сеуште е суштински код на нашата бизнис днк. Големата неправда со селективниот мораториум кон Адора од страна на поедини локални власти во Скопје, изминатите 5 години целосно ги стопира планираните инвестиции во високоградбата во нашата матична држава. Тоа, нашите проекти од real estate development секторот ги насочи во соседните Србија и Грција. Задоволството што го видовме кај клиентите во овие проекти, соодветствуваше со задоволството што сме навикнати да го гледаме кај клиентите во Македонија 21 година, што за Адора е најважно“. – порача Душко Чифлиганец, заменик претседател на Адора Бизнис Групацијата, на панел дискусијата „Светот во 2024 – Истражување на трговските трендови, предизвици и можности“, организирана во Скопје од престижниот британски магазин Економист, најугледен печатен медиум на полето на економијата во светот.

„Влегувањето во енергетска дејност за затоплување на Скопје, преку купувањето на имотот на поранешна Топлификација АД во стечај, беше мотивирано од можностите што ги видовме за напредок, иновација и модернизација на овој секторт и желбата оваа стратешка дејност во нашиот главен град да биде во рацете на компанија со домашен капитал. Низ денешна призма, ја оценувам оваа инвестиција на Адора како доста солидна, гледано од перспектива на корисниците, дејноста која беше во стечај, сега е стабилизирана, функционална и оперативна. Граѓаните на Скопје имаат стабилно и квалитетно снабдување со топлинска енергија, зацртаниот бизнис план се реализира, имаме добра соработка со операторот ЕСМ, а најважно е што дејноста е во рацете на угледна, респектибилна домашна компанија, што никогаш повеќе нема да дозволи оваа дејност да се најде во непријатна ситуација како порано“. – оцени Чифлиганец за проширувањето на дејноста на Адора во енергетскиот сектор.

„За мене постојат два вида бизнисмени, оние за кои императив секогаш е профитот, насочени кон максимизирање на заработката и другите кои се фокусирани кон генијалноста на нивниот продукт сервис, на креирање чувство на додадена вредност кај нивните клиенти и најважно од сè, кои даваат напори да го подобрат општеството во кое што делуваат и во средината во која се наоѓаат. Во Адора навистина многу се трудиме да сме иновативни, да сме пионери, да сме проактивни. Секогаш се трудиме нашиот продукт да еволуира низ годините, усовршувајќи ја драстично сеизмичката стабилност, енергетската ефикасност, звучната изолација и другите атрибути на домувањето, креирајќи story telling недвижности со нагласен акцент на уникатниот дизајн на екстериерот и ентериерот, со премиум комфор и амбиент. Последно, со проектот во Србија 21st Century Zlatibor, на нашите клиенти им понудивме недвижности со бизнис концепт кој им ги враќа вложените пари, дополнет со сите содржини за одмор и релаксација со 5 *. Во Адора имаме корпоративна филозофија, дека мораме континуирано да трчаме, само доколку сакаме да останеме на истото место“. – истакна Душко Чифлиганец, додавајќи дека филантропијата, општествената одговорност и помагањето на другите, е длабоко врежана корпоративна навика и традиција на семејството Чифлиганец, кое сака да помага искрено и од срце, чувствувајќи се посреќно кога некому нешто подарува, отколку кога треба да го земе и вредно сработеното.

„Во Адора имаме планови поврзани со градежништвото на европската и светската сцена, но не би ги откривал, сеуште се во фаза на разработка. Во иднина клучно е да се потпреме на нашето искуство, што се покажало и докажало како цврст и стабилен темел, надополнето со иновативни, пионерски решенија. Да ги филтрираме добрите од лошите трендови во иднина, да се фокусираме на афирмнативен развој и мерлив реален напредок. Најважно од сè, е да останеме сконцентирани, да го следиме будно бизнис развојот во овој глобализиран свет и сите параметри од кои што зависат нашите бизниси и да се адаптираме како инвеститори“. – порача Душко Чифлиганец, кој со статија е присутен во најновиот број на бизнис магазинот Економист на македонски јазик, кој редовно излегува над 180 години.

Адора

Поврзани вести

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Со акцијата „Во спомен на Биби“, Адора обезбеди преглед на дојка за сите свои вработени жени

Под мотото „Свесни сме“, Адора Бизнис Групацијата организирано се придружи на розовиот октомври, месецот посветен на подигнување на свеста кај жените, за заедничка борба против

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора со хотелот на Златибор се најде на најпрестижните блогови за архитектура и дизајн во светот

„21st Century Zlatibor е уникатен кондо хотел лоциран во прекрасниот Златибор, во срцето на српските планини. Изграден од регионално реномираната Адора Бизнис Групација, тој е

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ