Во новогодишниот број на угледниот магазин Капитал, по подолго време е објавено интервју со целиот C-Level менаџмент на Адора Бизнис Групација

„Адора инженеринг била и ќе биде градежна компанија и нашата основна бизнис пасија е градежништвото. Имаме желба да продолжиме со нови иновативни, подобри од досегашните инвестиции во високоградбата во Македонија. Доколку се создадат услови за тоа, со голем елан и ентузијазам ќе продолжиме да градиме и создаваме дела, кои ќе бидат пример за квалитет, стабилност и современост. Имаме за цел, во долгорочен план, да креираме стратешки диверзифицирано корпоративно портфолио во неколку клучни стопански и економски гранки. Нашите размислувања и хоризонти се отворени, но секако мораме да сме и многу внимателни во овие неизвесни и турбулентни времиња“, порачуваат сопствениците и топ менаџери, проф. д-р Ванчо Чифлиганец, основач и претседел на Адора Бизнис Групација, д-р Драгана Д. Чифлиганец, извршен директор и Душко Чифлиганец, заменик претседател на групацијата, одговорен за бизнис развој.


Со интервјуто се опфатени повеќе значајни теми и прашања поврзани со работењето на Адора Бизнис Групација, која во 2022-та година ќе одбележи 20 години постоење, успешен бизнис развој и докажана филантропска традиција, со потврдена репутација во Македонија и на интернационално ниво. Актуелноста на интервјуто, му обезбеди присуство на насловната страна на последниот, декемвриски број 2021, на печатеното издание Капитал-Менаџер.

Целото интервју погледнете го на следниот линк: Kapital.mk

Архива