DSCN0314

ВО 2016-ТА БРЗО И КВАЛИТЕТНО НАПРЕДУВА ИЗГРАДБАТА НА АДОРА FLATIRON СКОПЈЕ

Со бетонирање на плочата над 13-тиот кат, на почетокот од Новата 2016-та година, брзо и квалитетно напредува изградбата на комплексот Адора Flatiron Скопје, новиот препознатлив урбан симбол на македонската метропола. За цврстината и сеизмичката стабилност на објектот, потврда се 416-те м³ бетон МБ 35 и 52-та тона мрежеста и ребреста арматура, вградени во последната изградена плоча на комплексот кој Адора инженеринг го гради во централното урбано подрачје на Скопје, на почеток на општина Кисела Вода, кај Стара Рампа, на само 1 километар и 10 минути пеш од централниот плоштад Македонија. Граѓаните имаат голем интерес за купување нов висококвалитетен дом од разновидната понуда на елитните и penthouse становите, како и за атрактивните деловни простории со можност за нивно спојување, што се градат по современите светски стандарди, со софистициран стил и се достапни по македонски цени за купувачите. Уникатниот станбено-деловен комплекс Адора Flatiron Скопје, што потврдениот градителски тим на Адора инженринг го гради според утврдената динамика, на купувачите им нуди станови со површина од 31 до 260 м², со прекрасен отворен поглед на цело Скопје и ексклузивни деловни простории од 45 до 1.773 м².DSCN0314

DSCN0021

Adora Flatiron Skopje denski render

 

Архива