DSC06736

ВРАБОТЕНИТЕ ВО АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ВО СТУДИСКА ПОСЕТА НА БРЕНДОТ GIACOMINI ВО ИТАЛИЈА И САЕМОТ EXPO 2015 ВО МИЛАНО

Спасе Стојанов, раководител на материјално и комерцијално работење во Адора инженеринг и машинскиот инженер Илија Илиев, раководител на секторот за водовод и греење, на крајот на мај беа во стручна посета на познатиот глобален бренд Giacomini, во близина на италијанскиот град Сан Маурицио, а го посетија и универзалниот саем Expo 2015 во Милано. Престојот во Giacomini, фабриката со асортиман од 6.000 производи за подно и таванско греење и ладење, системи за топлинска енергија и регулации за вода и гас, беше во организација на компанијата Термо Систем од Скопје, со која успешно соработува Адора инженеринг. Вработените во Адора инженеринг со претставниците на други градежните компании од Македонија, имаа можност непосредно да се запознаат со современиот автоматизиран начин на производство во фабриката Giakomini, чии производи се извезуваат во повеќе од сто земји во светот, меѓу кои е и Македонија, каде најновите технолошки решенија за греење, ладење и водовод, се вградуваат во станбено-деловните објекти на Адора инженеринг. На меѓународната саемска изложба Expo 2015 во Милано, Италија, што со излагачи од 145 држави, во шест месеци очекува 20 милиони посетители, стручните кадри на Адора инженеринг имаа можност да ги видат најновите производи, услуги, технологии, иновации и трендови во градежниот и другите сектори, кои нудат современ дом за квалитетно живеење според европските стандарди, што е приоритетна заложба на Адора инженеринг.

DSC06736 DSC06740 DSC06676 DSC06681

Архива