НОВОСТИ

НОВОСТИ

ВРАБОТЕНИТЕ ВО АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ГИ УСОВРШУВААТ ПРОДАЖНИТЕ ВЕШТИНИ И СЕ ЕДУЦИРААТ ЗА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ

ВРАБОТЕНИТЕ ВО АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ГИ УСОВРШУВААТ ПРОДАЖНИТЕ ВЕШТИНИ И СЕ ЕДУЦИРААТ ЗА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ

Во рамките на поддршката на компанијата за континуирана едукација и усовршување на своите кадри, вработените во Адора инженеринг постојано ги развиваат своите знаења и вештини во повеќе области, меѓу кои се продажбата и енергетската ефикасност. Д-р Драгана Д. Чифлиганец, извршен директор и раководител на продажбата и Елена Петровска, менаџер за продажба во Адора инженеринг, успешно ја завршија Академијата за продажни вештини, што ја реализира реномираната компанија со над 50 годишна традиција Густав Кезер Тренинг Интернационал, преку програмски микс на трите клучни аспекти: техника, став и влијание. Оваа сертифицирана тримесечна тренинг обука ги оспособи стручњаците во продажниот сектор за следење на фактичките постигнувања и мерење на резултатите и учиноците од продажбата, со цел преку примена на современите европски трендови за развивање на продажните вештини, да овозможи постигнување на најдобри резултати на компанијата. Во рамките на проектот на Европската Унија „Изгради вештини“ со обуки за енергетска ефикасност за градежните работници, преку теоретски предавања и практични обуки во Скопје и Белград, седуммина вработени во Адора инженеринг се обучуваат за тренери кои ќе ги спроведуваат обуките за работниците во градежниот сектор. Инженерот архитект, со специјалност за енергетска ефикасност Ивана Бајкова-Шаља, машинскиот инженер Илија Илиев, електроинженерот Ристе Ефтимов, градежните техничари Нове Бошоски и Миле Крстев и кровопокривачите Зоран Николовски и Зоран Маџовски, со овие верифицирани обуки ги зголемуваат знаењата и подготвеноста за следење и примена на најновите стандарди на енергетската ефикасност во компанијата, со цел станарите да ги уживаат долгорочните придобивки од економичното и здраво домување според европските трендови. Низ овие и други обуки, Адора инженеринг постојано ги следи и применува иновациите во изградбата на енергетски ефикасните домови, што овој градежен бренд прв ги изгради и за кои го доби и првиот сертификат-енергетски пасош А-класа во Македонија. Akademija za prodazni veshtiniObuka EE 1Obuki EE - 2

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ