НОВОСТИ

НОВОСТИ

ДЕСЕТ ГОДИНИ ПО ПРВИОТ ВЕШТАЧКИ ЗЕМЈОТРЕС ВО МАКЕДОНИЈА МЕДИУМИТЕ ВО СРБИЈА ПИШУВААТ ЗА ЗНАЧЕЊЕТО НА ОВОЈ ТЕСТ ЗА СТАБИЛНОСТА НА ОБЈЕКТИТЕ

ДЕСЕТ ГОДИНИ ПО ПРВИОТ ВЕШТАЧКИ ЗЕМЈОТРЕС ВО МАКЕДОНИЈА МЕДИУМИТЕ ВО СРБИЈА ПИШУВААТ ЗА ЗНАЧЕЊЕТО НА ОВОЈ ТЕСТ ЗА СТАБИЛНОСТА НА ОБЈЕКТИТЕ

Катастрофалните земјотреси во Турција и Сирија, каде тлото сеуште не мирува и неодамнешните потреси на Балканот, повторно ја актуелизираа важноста на квалитетот на градење за стабилноста на станбените објекти во регионот. Земјотресите во Турција и Сирија резултираа со 50-тина илјади жртви и огромни штети, со уништени и разделени семејства, чии домови се уриваа како кули од карти. Освен природната катастрофа, меѓу причините за разорното дејство на замјотресите се наведуваат илегалното градење, недоволната примена на стандардите за квалитет и безбедност на градбите, отсуството на контрола и несанкционирање на бесправно подигнатите градби.
Експертите по сеизмика оценуваат дека ризикот од штети од евентуални земјотреси во регионот е поголем кај објектите изградени пред повеќе децении, но не е исклучен и кај згради со понов датум, изградени со низок квалитет и без почитување на стандардите. Деновиве српските медиуми во текст посветен на земјотресите, ја истакнаа пионерската мисија на Адора инженеринг, како прва компанија која во регионот ја тестираше стабилноста на станбените објекти со вештачки земјотрес во 2013 година, на 50 годишнината од скопскиот катастрофален земјотрес. Вештачкиот потрес со јачина од 5 степени според Европската макросеизмичка скала, реализиран на десеткатница во скопски Аеродром во соработка со Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија – ИЗИИС, не предизвика никакви оштетувања на зградата, со што се потврди врвната сеизмичка стабилност на објектите на Адора.
„Објектите во Македонија изградени по 2000 година, се многу поквалитетни и побезбедни од поранешните, бидејќи контролата кај нас сега е можеби најригорозна во Европа. Од 2014 во Македонија се води голема контрола на градбите во однос на сеизмиката и комплетната стабилност на објектите, согласно измените на законот за градба, според кој проектот на секој објект мора да помине низ контрола во регистрирана научна институција, специјализирана во областа на сеизмичката отпорност на градбите. Општината не издава дозвола за градба, доколку за проектот нема позитивно мислење од страна на научен институт, кој за објекти со површина над 300 m², два пати оди на терен и ја контролира конструкцијата, дали е изведена согласно проектот и одредените димензии и со материјали по пропишаните стандарди“. – вели реномираниот проф. д-р Михаил Гаревски, директор на Институтот за сеизмички отпорни градби и климатски промени, кој учествуваше во организацијата на првиот вештачки земјотрес на објект на Адора.
Особено по разорниот земјотрес во Скопје во 1963 година, граѓаните сакаат да домуваат сигурно и спокојно во квалитетни и безбедни градби. Тестирањето со вештачки земјотреси е придонес на Адора во изградба на поквалитетни и посигурни домови во Македонија и афирмација на безбедната македонска градба во регионот и светот.
Прилогот објавен во Србија прочитајте го тука.

Адора

Поврзани вести

АНТОНИО ДАМЈАНОВСКИ НАШИОТ НАЈУСПЕШЕН МЛАД МОТО КРОС ТАЛЕНТ СО НАТАМОШНА ПОДДРШКА НА АДОРА ЈА СТАРТУВА НОВАТА СЕЗОНА

Со трка на отворениот македонски шампионат во недела во Гевгелија, нашата Адора Атлета Антонио Дамјановски, најталентираниот, најмлад и најуспешен мото крос возач во Македонија, ја

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ДРАГАНА ЧИФЛИГАНЕЦ ЗА БИЗНИС ИНФО ОТКРИВА ДЕКА ИЗГРАДБАТА НА ОБЈЕКТ ВО ЦЕНТАРОТ НА СОЛУН Е НЕЈЗИН НОВ ПРЕДИЗВИК

Извршната директорка на Адора инженеринг, д-р Драгана Чифлиганец, во интервју за порталот Бизнис Инфо одговара на повеќе актуелни прашања за градежниот бизнис во Македонија и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ДУШКО ЧИФЛИГАНЕЦ-ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА АДОРА БИЗНИС ГРУПАЦИЈА ВО БРЕНДОВИ КАПИТАЛ

„Во услови на огромна инфлација, стеснети пазари на капитал, енормен дисбаланс во цените на градежните материјали и отежнетите услови на работење, клучно беше да им

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

АДОРА СО ФИНАНСИСКА ДОНАЦИЈА ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ТУРЦИЈА И РЕГИОНОТ, СО ПОРАКА ЗА ХУМАНОСТ И СОЛИДАРНОСТ

Компанијата „Адора инженеринг“, која е дел на интернационалната Адора Бизнис Групација,  донираше финансиски средства за настраданите во катастрофалниот земјотрес, кој однесе многу невини човечки животи

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ADORA BUSINESS GROUP ВО КАПИТАЛ – „НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ КОМПАНИИ 2021/22“

Под наслов „20 ГОДИНИ ADORA BUSINESS GROUP – БИЗНИС И ГЕОГРАФСКА ДИВЕРЗИФИКАЦИЈА“, магазинот КАПИТАЛ објави две страници тематски прилог во специјалната едиција „НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

АРХИТЕКТ ЗОРИЦА БЛАЖЕВСКА-СОРАБОТНИК НА АДОРА ДОБИ НАГРАДА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО

Универзитетскиот професор, архитект Зорица Блажевска ја прими наградата „Андреја Дамјанов“, за животно дело во областа на архитектурата и градителството, од Асоцијацијата на архитекти на Македонија

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ