Димитар Ѓорѓиев, нашата Адора атлета, повеќекратен светски и европски шампион во кик бокс, ќе се бори за титулата европски појас

Нашата Адора атлета, Димитар Ѓорѓиев, најдобриот и најуспешен кик боксер во Македонија, петок, 3-ти јуни, во Зворник, БИХ, ќе се бори со Никола Дробњак, за освојување на европската титула, во организација на Arena Fight Night. Оваа завршна, главна борба во рамкиот на спортскиот настан со повеќе борачи, ќе биде пренесувана во живо на каналот Arena Fight, утревечер со почеток во 20 часот.

Претстојната борба за европската титула е уште еден подвиг со кој Ѓорѓиев го покажува својот врвен квалитет на меѓународно ниво, за што сведочат осумте медали кои овој наш брилијантен кик боксер ги има освоено на светски и европски првенства, од кои 5 се златни, 1 сребрен и 2 бронзени. Минатата година Ѓорѓиев го освои четвртото светско злато, по златата освоени на светските првенства во 2011, 2013 и 2015 година. Во својата кариера Ѓорѓиев има освоено европска шампионска титула на ЕП 2018, сребрен медал на ЕП 2012, повеќе од 30 златни медали на меѓународни купови и е државен првак во две дисциплини од 2009 година до денес.

Ве покануваме заедно да го гледаме преносот на борбата во петок, 3-ти јуни од 20 часот на спортскиот канал ARENA FIGHT и да навиваме за уште еден европски триумф на Ѓорѓиев. Овој наш извонреден кик боксер една деценија постигнува високи глобални и национални шампионски успеси и паралелно го води најдобриот и најуспешен Центар за боречки спортови Работнички Адора под покровителство и со континуирана поддршка на Адора Бизнис Групацијата.

Среќно Димитар Ѓорѓиев, одиме кон уште една твоја победа и освојување на европскиот појас 2022, биди наша гордост и вистински спортски амбасадор кој ја афирмира Македонија во светот.

Архива