ДОЖИВЕЈТЕ ГО ДУХОТ НА ЊУЈОРК ВО СКОПЈЕ. ЗАПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА ЕЛИТНИОТ СТАНБЕНО-ДЕЛОВЕН КОМПЛЕКС АДОРА FLATIRON СКОПЈЕ

По повод најсветлиот датум во македонската историја, во предвечерјето на големиот национален празник Илинден, на влезот на општина Кисела Вода, во централното подрачје на Скопје, во присуство на голем број гости, беше означен почетокот на изградбата на новиот елитен станбено-деловен комплекс Адора Flatiron Скопје. Маркантниот објект, чиј инвеститор, изведувач и проектант, е градежната компанија Адора инженеринг, ќе го донесе  духот на Њујорк во Скопје, со што македонската метропола ќе биде дел од светските градови со атрактивната архитектура на Њујоршката урбанистичка икона Flatiron.

„Предизвик за тимот на Адора инженеринг беше по 14 успешни години, да изградиме стратешки објект, локациски и архитектонски инспириран од култната зграда Flatiron во Њујорк, што ќе биде нов урбан белег на современо  Скопје, Македонија и регионот. Реализацијата на објектот вреден 20 милиони евра е најголемата домашна инвестиција во високоградбата во Македонија, со економски обрт повеќе од 40 милиони евра во двете насоки. Зградата се планира да се заврши за 24 месеци со ангажман на 350 градежни работници, високостручни кадри, подизведувачи, кооперанти и добавувачи. Објектот се гради на градежна парцела од 4.412 м², купена на јавна лицитација за 2.176.991 евра, по 493 евра за м², со платени комунални давачки од 2.754.330 евра, а во него ќе бидат вградени 25.000 м³ бетон и 2.500 тони железо“. – порача проф. д-р Ванчо Чифлиганец, генерален директор на Адора инженеринг, според кого благодарение на поволната бизнис клима во Македонија, визијата и ангажманот на тимот на компанијата, во 2015-та година, во нови градежни проекти се инвестирани 40 милиони евра.

„Адора инженеринг почна со изградба на една од најубавите згради во Скопје на локација што во минатото беше руинирана и запуштена, со што ќе се разубави влезот во општина Кисела Вода и ќе се добие функционален станбено-деловен комплекс кој ќе овозможи добар развој на општината и на Градот Скопје. Објектот кој ја зголемува конкуренцијата и понудата на станбениот и деловен простор и создава подобри услови за бизнис и живеење во Скопје, е резултат на интересот за инвестирање на македонски компании како Адора инженеиринг, што како Град Скопје го поддржуваме и институционално и инфраструктурно, порача Коце Трајановски, Градоначалник на Град Скопје.

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ смета дека изградбата на објектот Адора Flatiron Скопје ќе придонесе за подигнување на рејтингот на општината и преку естетскиот и функционален спој на архитектурата и дизајнот, ќе биде симбол на овој дел од градот и гордост на неговите жители.

Елитниот комплекс Адора Flatiron Скопје, како 100 % македонска квалитетна градба, започна да се гради на просторот меѓу бул. Македонија и ул. Иван Козаров, познат како Стара Рампа, во Кисела Вода, на само 1 километар оддалеченост и 10 минути пеш од строгиот центар на метрополата, со панорамски поглед на Порта Македонија и главниот плоштад во Скопје. Зградата со висина од 54 метри, приземје, мезанин и 16 катови, три влезови и 7 лифтови, ќе има современи елитни станови од 31 до 119 м² и луксузен апартман на врвот од 260 м² со фантастичен поглед на Скопје. Објектот ќе има 29 луксузни деловни простории од 45 до 277 м², со можност за спојување и два влеза, сопствени 350 модерни паркиралишта, најголемиот дел на три подземни нивоа.

Со препознатливиот архитектонски изглед со елементи на неокласицизам и впечатливи детали, атрактивниот објект Adora Flatiron, со докажана асеизмичка стабилност, стандардизиран европски квалитет и А-енергетска класа, ќе понуди одлични услови за домување во висок урбан стил, со лесна достапност на строгиот центар на Скопје.

Foto 2 Foto 5 IMG_20150731_120822foto 1 Foto 4 Foto 3

foto 6

Архива