Во екот на енергетската криза, кога се апелира за штедење на глобално ниво, домовите изградени од брендот Адора се издвојуваат по штедливоста на енергија за затоплувањe, по ниските сметки за централно градско греење и потрошената електрична енергија. Тоа се должи на А класа енергетски ефикасните објекти, што Адора пионерски, прва во регионот започна да ги гради во 2006 година, кога за тоа не постоеше ниту обврска, а ни законска регулатива.
Адора прва во Македонија доби енергетски сертификат (енергетски пасош) издаден од лиценцирана фирма, за првиот изграден енергетски ефикасен станбен објект во Скопје од највисоката А класа, во 2014 година. Изградбата на штедливи, енергетски ефикасни домови е долгорочен проект на Адора, при што секој нов објект е поусовршен од претходниот, со употреба на најнови материјали, стандарди и технологии. Високата енергетска ефикасност е резултат на одличната фасадна, кровна и подна термоизолација на објектите, ставање органска фасада и користење обновливи извори на енергија преку фотоволтаиците, што Адора прва ги воведе во колективното домување во Македонија.
Заштедата на енергија за греење и ладење резултира со значително намалување на сметките за потрошена електрична енергија споредено со порано и со ниски сметки за централно градско греење, што за просечен стан на Адора од 50 m² е околу 1.000 денари месечно. Во време на енергетска и економска криза ова е од исклучителна важност за граѓаните, што резултира со заштеда на пари во домашниот буџет.
Адора е добитник на 9 национални награди од министерството за економија на Македонија за долгорочна изградба на зелени, еко домови, за поздрава иднина и заштита на животната средина, наградена е како најеколошка компанија од Град Скопје и како предводник во остварувањето на целите за одржлив развој од Организацијата на Обединетите Нации-ООН. Според Здружението на лиценцирани енергетски контролори во Македонија, ваквиот однос на градежниот бренд Адора зборува за висока свест не само кон комфорот на живеење, туку и кон намалувањето на енергетските потреби и загадувањето на животната средина, што според здружението е позитивен пример за сите компании.