НОВОСТИ

НОВОСТИ

ДОМОТ ЗА СТАРИ ЛИЦА ИЛИНДЕН СО НОВ ЕКО ПАРК ОД 1500 ЗЕЛЕНИ ЛЕЈЛАНДИ

ДОМОТ ЗА СТАРИ ЛИЦА ИЛИНДЕН СО НОВ ЕКО ПАРК ОД 1500 ЗЕЛЕНИ ЛЕЈЛАНДИ

Adora Business Group гради современ старски дом „Втора Младост“ во срцето на општина Илинден во мирна средина во непосредна близина на Скопје. Хортикултурно се уредува дворот на домот, каде што создадовме современ еко парк, зелена градина од 5.000 m² со 1.500 Лејланди, зимзелени стебла со висина од 180 до 220 см. Станува збор за брзорастечки четинар, кој со својата величенственост, елеганција, зелена боја, отпорност на студ и мраз, создава исклучителна хармонија во просторот. Со ова Адора сака да предизвика позитивен бран на промени, впуштајќи се во една од најблагородните мисии, создавајќи зелени површини за унапредување и заштита на животната средина.

Во Илинден ќе дишеме здраво и ќе штедиме енергија. Во екот на енергетска криза, во срцето на зелената градина, на кровната површина на објектот и на настрешницата за паркирање на возилата, се поставени фотонапонски панели со моќност од 300 kW за производство на електрична енергија за потребите на домот. Поставени се и фототермални панели кои произведуваат електрична енергија и енергија за потребите од санитарна топла вода за објектот. Затоплувањето и разладувањето во сите простории на домот е изведено со најсовремени системи за ладење и греење.

Домот „Втора Младост“ во Илинден, кој е во завршна фаза, со сместувачки капацитет за над 200 лица, за кои ќе се грижи стручен персонал од 60-тина лица, е осмислен да функционира како еден од најдобрите, современи домови на Балканот и пошироко. Комплексот кој се гради според најсовремените светски стандарди е проектиран на приземје и пет ката, со кат за домување и заеднички простории за нега и рехабилитација, преку комфорно сместување и соодветна грижа во најсовремени услови, адекватна медицинска услуга, здравствена заштита, рекреација, релаксација, забава, со услови за удобен живот за генерациите кои придонесоа за оваа наша македонска држава. Домот за стари лица во Илинден ќе биде новата асоцијација за удобност, нега, здрава исхрана, здрава средина и хуманост, во која ќе уживаат повозрасните граѓани и нивните најблиски, посетители и гости.

Зелената градина и фотоволтаичниот систем со моќност од 300 kW се само почеток и најава за тоа што сè ќе содржи Домот за возрасни лица, кој ќе изобилува со содржини за рекреација, спортски терени и различни услужни дејности за одмор, пешачење, забава, другарување, со еден збор за уживање. Комплексот располага со околу 10.000 м2 бруто развиена површина, чиста, мирна, еколошка средина во која ќе работат врвни професионалци, негователи, физиотерапевти, лекари, медицински сестри, социјални работници, психолози, домаќини, готвачи, угостители, спортски работници кои заедно ќе овозможат пријатни услови за долго, безгрижно, енергетски ефикасно, здраво и достоинствено живеење.

Адора

Поврзани вести

МЛАДИТЕ НАТПРЕВАРУВАЧИ НА КБК АДОРА СО 5 – ЗЛАТНИ СРЕБРЕНИ И БРОНЗЕНИ МЕДАЉИ НА SERBIA OPEN WAKO EUROPEAN CUP

Младите талентирани кик боксери од КБК Адора, минатиот викенд остварија одлични резултати на Serbia Open, WAKO European Cup ranking tournament. Од турнирот во Белград, тие

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

СЛОБОДАН ИВЧЕСКИ НАШИОТ СЕНИОР МОТО КРОС ШАМПИОН СО ПОДДРШКА НА АДОРА ТРИУМФИРАШЕ НА СТАРТОТ НА СЕЗОНАТА 2023

Слободан Ивчески Цобо, државниот мото крос MX Сениор шампион, освои две први места натпреварувајќи се на првиот отворен Македонски шампионат со кој мото крос сезоната

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ЧЕСТИТКИ ОД АДОРА ЗА ВРВНОТО ПРИЗНАНИЕ НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА „НАЈДОБРА БАНКА ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗА 2023“

Компанијата Адора инженеринг, како еден од значајните поединечни акционери и квалификуван акционер во Комерцијална банка АД Скопје, на сите вработени, на целиот менаџерски тим и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

АНТОНИО ДАМЈАНОВСКИ НАШИОТ НАЈУСПЕШЕН МЛАД МОТО КРОС ТАЛЕНТ СО НАТАМОШНА ПОДДРШКА НА АДОРА ЈА СТАРТУВА НОВАТА СЕЗОНА

Со трка на отворениот македонски шампионат во недела во Гевгелија, нашата Адора Атлета Антонио Дамјановски, најталентираниот, најмлад и најуспешен мото крос возач во Македонија, ја

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ДРАГАНА ЧИФЛИГАНЕЦ ЗА БИЗНИС ИНФО ОТКРИВА ДЕКА ИЗГРАДБАТА НА ОБЈЕКТ ВО ЦЕНТАРОТ НА СОЛУН Е НЕЈЗИН НОВ ПРЕДИЗВИК

Извршната директорка на Адора инженеринг, д-р Драгана Чифлиганец, во интервју за порталот Бизнис Инфо одговара на повеќе актуелни прашања за градежниот бизнис во Македонија и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ