ДОМ СО ЗВУЧЕН КОМФОР ВО АДОРА FLATIRON ВО СРЦЕТО НА СКОПЈЕ СО СЕРТИФИКАТ ЗА АКУСТИЧНИ СВОЈСТВА ОД СВЕТСКИОТ БРЕНД RIGIPS ( SAINT-GOBAIN )-ПРВ ПАТ ВО МАКЕДОНИЈА

Со звучна изолација далеку над македонските стандарди, според европските норми и најновите сознанија во областа на акустиката, со сертификат за акустични својства од светскиот бренд RIGIPS ( SAINT GOBAIN ) единствено во Македонија, објектот Адора Flatiron на станарите им гарантира мирен дом, заштитен од „звучното загадување“, имун на бучните соседи и градската врева во централното подрачје на Скопје. Со новиот состав на подовите и повеќеслоен преграден ѕид стан-стан и стан-ходник, со акустична облога, со третман на петте принципи на звучна заштита, во соработка со еминентни домашни и европски стручњаци, компанијата обезбеди одлична звучна изолација на објектот. Софтверски пресметаниот индекс на звучна пропустливост е до 53 db, а звучната изолација измерена на изведена состојба, минимум од 55 до 57 db, ќе биде проверена од овластена институција во Македонија со акредитирани методи на мерење. Станарите на Адора Flatiron Скопје покрај енергетскиот пасош А-класа, за прв пат во Македонија ќе добијат и сертификат за акустичните својства на домовите од реномираната компанија број еден во светот во областа на звучната изолација, RIGIPS ( SAINT GOBAIN ) со 350 годишна традиција.

Адора инженеринг, пионер во воведувањето и лидер во унапредувањето на иновациите за поквалитетно домување во Македонија, посебно внимание обрнува на звучната изолација, со цел на станарите да им овозможи урбано домување со акустичен комфор и заштита од бучавата, што е од голема важност за комотно, квалитетно и пред сѐ за здраво домување. Благодарение на одличната, сертифицирана звучна изолација, станарите во атрактивниот комплекс Адора Flatiron Скопје ќе имаат приватност и интимност во домувањето, заштитени од „звучното загадување“, што ќе има позитивни ефекти врз нивното здравје, во спокоен амбиент, со мирен сон, што ќе ги оттргне од чувството дека живеат во шпицот на динамиката во срцето на македонската метропола.

facebook-post

Архива