НОВОСТИ

НОВОСТИ

ДОНАЦИЈА НА Д-Р ДРАГАНА Д. ЧИФЛИГАНЕЦ ВО ЈЗУ УНИВЕРЗИТЕТСКА КЛИНИКА ЗА ГИНЕКОЛОГИЈА И АКУШЕРСТВО – СКОПЈЕ

ДОНАЦИЈА НА Д-Р ДРАГАНА Д. ЧИФЛИГАНЕЦ ВО ЈЗУ УНИВЕРЗИТЕТСКА КЛИНИКА ЗА ГИНЕКОЛОГИЈА И АКУШЕРСТВО – СКОПЈЕ

Извршната директорка на Адора инженеринг д-р Драгана Д. Чифлиганец подари апарат за рана дијагностика на оштетување на слухот на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, за рано детектирање кај новороденчињата.
Со тимот лекари на Клиниката на гинекологија и акушерство, прим. д-р Елизабета Петковска и д-р Снежана Јанчевска, на чело со директорката на гинекологија, д-р Викторија Јовановска, деновиве, Драгана го означив почетокот на употреба на апаратот за рана дијагностика на оштетување на слухот кај новороденчиња. Оваа метода на скрининг овозможува детектирање на проблемот непосредно по раѓањето на бебињата.
„Раната детекција, значи и рана интервенција која ќе овозможи и надминување и на други компликации во развојот на бебињата, посебно на предвреме родените“. – велат од ЈЗУ. Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство, изразувајќи огромна благодарност за хуманоста, грижата и донацијата на Драгана Чифлиганец, со надеж дека овој пример ќе биде инспирација за други поединци и компании да реализираат слични проектин и да градат човечки релации втемелени на хуманоста и благородноста.
„Сите деца имаат право на еднакви можности да растат здраво, сите деца имаат право на среќно детство, а како жени, мајки, како луѓе треба да им го овозможиме тоа, секој според своите можности. Дарувањето е двигател на убави емоции, радосни моменти и на топли зборови, а има ли нешто поблагородно од тоа да им помогнеме на најмалите, новороденчињата, кога почнува животот, тоа најдобро го знаат мајките“. – порача д-р Драгана Д. Чифлиганец, потврден активист во општествено одговорните проекти за поддршка на заедницата и за подобар живот на граѓаните.

Адора

Поврзани вести

АДОРА СО НОВИ ИСКУСТВА И КОНТАКТИ ВО СВЕТСКАЛА ЛИГА ЗА ВОДОРОД НА САМИТОТ HYDROGEN EUROPE 2024

Многу нови контакти и средби со светската елита во чиј фокус е водородот, најнови сознанија за глобалните трендови во производство на зелена енергија и стремеж

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ