НОВОСТИ

НОВОСТИ

Душко Чифлиганец, заменик претседател на Адора Бизнис Групација доби посебно признание од Битолски весник за исклучителен придонос во иновативниот развој и интернационалната афирмација

Душко Чифлиганец, заменик претседател на Адора Бизнис Групација доби посебно признание од Битолски весник за исклучителен придонос во иновативниот развој и интернационалната афирмација

На 22-то издание на популарната манифестација „Битолски оскари за најуспешните“, што традиционално ја организира Битолски весник, најстариот локален весник кој опстојува 57 години, посебно признание како единствен награден кој не е од Битола, доби Душко Чифлиганец, заменик претседател на Адора Бизнис Групација, за исклучителен придонес во иновативниот развој и интернационалната афирмација. 

„Живееме и работиме во време кога изреката „Весникот од вчера, не се чита денес”, е поевидентна од било кога. Делуваме во свет, кој во периодот од една година еволуира на начин за кој можеби во минатото биле потребни десет или повеќе години. Денес, мораме да трчаме доколку сакаме да останеме на истото место. Токму затоа, иновацијата е една од најклучните компоненти за деловен успех во денешницата. Што се однесува до интернационална афирмација, сметам дека Македонија е многу мал пазар среде глобализирниот свет. Можностите и приликите се секаде околу нас. Интензитетот на трансферот на стоки, капитал, идеи и работна сила, е поголем од било кога. Алатките и начинот на работа кои придонесуваат во глобализација на општествата, се достапни за секого. Така што, за нас логично беше да посегнеме по интернационалниот пазар, за да го осигураме и зацврстиме деловниот успех на Адора во иднина. И среќен сум, што со јасна визија, посветеност и прецизна работа, целосно и силно успеавме во нашата корпоративна цел“.

Ова го порача Душко Чифлиганец, заменик претседател на Адора Бизнис Групација, одговорен за бизнис развој, кој изрази голема благодарност кон тимот на Битолски Весник, кој ги препозна силните и континуирани напори кон создавање иновативни вредности и позитивна интернационална афирмација, што според него претставува посебна чест и признание за целиот професионален тим на Адора Бизнис Групација.

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ