НОВОСТИ

НОВОСТИ

ДУШКО ЧИФЛИГАНЕЦ ОСВОИ 4 НАГРАДИ НА BMU ЈУГОИСТОЧНO ЕВРОПСКИOT И НА МАКЕДОНСКИОТ ШАМПИОНАТ ВО БРЗИНСКИ МОТОЦИКЛИЗАМ ВО СЕРЕС-ГРЦИЈА

ДУШКО ЧИФЛИГАНЕЦ ОСВОИ 4 НАГРАДИ НА BMU ЈУГОИСТОЧНO ЕВРОПСКИOT И НА МАКЕДОНСКИОТ ШАМПИОНАТ ВО БРЗИНСКИ МОТОЦИКЛИЗАМ ВО СЕРЕС-ГРЦИЈА

Високото второ и трето место на BMU Југоисточно Европскиот шампионат и триумф во една од трките за Македонскиот шампионат во брзински мотоциклизам на пистата во Серес, е одличниот биланс на освоени награди, со кои од трката минатиот викенд во Грција, се врати Душко Чифлиганец, успешниот млад бизнисмен и мотоциклист од Македонија. Развиореното македонско знаме во супер тесната Југо Источно Европска конкуренција и овој фасцинантен успех во двете неизвесни трки составени од искусни натпреварувачи од Европа, младиот Чифлиганец го постигна на традиционалниот BMU шампионат во брзински мотоциклизам на тркачкиот мотодром во Серес, Грција, во класата до 1000 cm³. Ова е прво учество и освоени високи титули за Душко Чифлиганец на меѓународни трки во брзински мотоциклизам, адреналински спорт со кој се занимава од мали нозе, балансирајќи ја така напорната работа како амбициозен бизнисмен на меѓународно ниво. Душко Чифлиганец, на мотоциклистичките шампионати возеше во боите на својата матична Адора Бизнис Групација, каде тој е заменик претседател, која има 20 годишна корпоративна општествено одговорна традиција во Македонија, како и во Србија преку заедничка хумана мисија со Фондацијата Новак Ѓоковиќ. „Никогаш не е доцна со старите пасии да стигнеме до нови победи. Ова натпреварување за мене претставува исполнување на мојот прв детски сон да возам мотоциклистички трки. Го негувам ова свое омилено хоби долги години наназад, но навистина беше потребно многу вложена енергија за да одвојам доволно време од деловните обврски и да се подготвам на адекватен начин за да сум во можност да се борам на подиумот. Овој успех во моето прво натпреварување ,за мене претставува неописливо задоволство. Им го честитам успехот и на останатите македонски натпреварувачи, бидејќи навистина верувам дека ја претставивме нашата држава со голема гордост. Најважно, сакам да ја искористам оваа прилика да апелирам до младината за совесно возење, брзинските мотоцикли се навистина опасни направи чиј полн потенцијал не смееме да го искористуваме на јавните патишта и улици“, апелира Душко Чифлиганец кој порачува дека тој што мисли дека може и тој што мисли дека не може, најчесто и двајцата се во право! Најголемиот дел од победата лежи токму во нашиот ум, вели Чифлиганец. Покрај Душко Чифлиганец, во натпреварувањето учествуваа и други македонски мотоциклисти кои исто така постигнаа одлични резултати.

Адора

Поврзани вести

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Со акцијата „Во спомен на Биби“, Адора обезбеди преглед на дојка за сите свои вработени жени

Под мотото „Свесни сме“, Адора Бизнис Групацијата организирано се придружи на розовиот октомври, месецот посветен на подигнување на свеста кај жените, за заедничка борба против

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора со хотелот на Златибор се најде на најпрестижните блогови за архитектура и дизајн во светот

„21st Century Zlatibor е уникатен кондо хотел лоциран во прекрасниот Златибор, во срцето на српските планини. Изграден од регионално реномираната Адора Бизнис Групација, тој е

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

„ОАЗА ОД ВКУС И ЕЛЕГАНЦИЈА НАСРЕД ПЛАНИНСКИ АМБИЕНТ“- 21ST CENTURY ZLATIBOR НИЗ ОБЈЕКТИВОТ НА SRBTEL.MK

Најпосетената планина во Србија, ова лето прослави 130 години од воведувањето на организираниот туризам. Во годината на јубилеот, за љубителите на планинскиот хедонизам, на Златибор

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

21 години Лидер & Предводник во високата градба во Македонија

На 28-ми август, православниот празник Голема Богородица, во 2002 година, потврдениот успешен стопанственик, општественик и филантроп, проф. д-р Ванчо Чифлиганец ја основа приватната компанија Адора

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ