Душко Чифлиганец со победа во БМУ Југо-Источно Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам

Душко Чифлиганец, во голема интернационална конкуренција од 31 возач, извојува победа во класата Формула 1000 од трката за БМУ Југо-Источно Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам што се одржа на патеката Серес во Грција.

Чифлиганец, исто така забележа и најбрзо време во трката, од 1:21:6, што претставува досега најбрзо време на македонски мото-пилот на оваа патека. Во втората исклучително возбудлива трка, во многу тесна битка за подиумот, за жал доживеа пад и заврши како четврто пласиран.

Душко Чифлиганец на интернационалниот шампионат во Серес, Грција, се натпреваруваше во боите на матичната Adora Business Group, каде тој е заменик претседател на групацијата која во својата 20 годишна општествено одговорна традиција, несебично го поддржува спортот и спортистите. Брзинскиот мотоциклизам како адреналински спорт е омиленото хоби, кое младиот успешен бизнисмен Чифлиганец го негува одамна, а минатата година тој освои четири награди на БМУ Југо-Источниот и Македонскиот шампионат на пистата во Серес, Грција, каде годинава повторно го развиори македонското победничко знаме.

Успесите на Чифлиганец и другите пилоти од Македонија беа пречекани со достојна почит како од останатите натпреварувачи, така и од публиката на традиционалниот шампионат во Серес. Овие резултати претставуваат голем успех за македонскиот мотоспорт, и за прв пат наметнуваат доза доминантност на нашите мото-пилоти во регионот.

Архива