Европскиот шампион во борење Владимир Егоров на прием во Адора Бизнис Групација

Одличниот борач Владимир Егоров, кој на Македонија ù донесе златен медал и прво место на последното Европското првенство во борење во Будимпешта, прими честитки и вредни награди од проф. д-р Ванчо Чифлиганец за еден од најголемите успеси во борењето и во македонскиот спорт.
На срдечниот прием со легендите на македонското борење, раководните лица на Македонската боречка федерација и топ менаџментот на Adora Business Group, нејзиниот генерален директор д-р Чифлиганец, докажаниот поддржувач на македонското борење, му се заблагодари и пригодно го награди златниот европски Борач Егоров и му порача дека е вистинска гордост и мотивација за сите македонци.

Од лично име и од име на Адора Бизнис Групацијата и Фондацијата која го носи неговото име и го поддржува развојот на спортот, талентираните спортисти и публикациите кои го афирмираат спортот и спортските успеси во Македонија, проф. д-р Ванчо Чифлиганец на најдобриот македонски борач Владимир Егоров, му посака од следното Светско и Европско првенство и од Олимписките игри во Париз, да се врати со златен медал.

Архива