НОВОСТИ

НОВОСТИ

ЕНЕРГЕТСКИ ПАСОШ А-КЛАСА СО НАЈНИСКА ПОТРОШУВАЧКА НА ЕНЕРГИЈА ЗА СТАНБЕНО-ДЕЛОВНИОТ ОБЈЕКТ НОВО ЛИСИЧЕ 3.16-СКОПЈЕ

ЕНЕРГЕТСКИ ПАСОШ А-КЛАСА СО НАЈНИСКА ПОТРОШУВАЧКА НА ЕНЕРГИЈА ЗА СТАНБЕНО-ДЕЛОВНИОТ ОБЈЕКТ НОВО ЛИСИЧЕ 3.16-СКОПЈЕ

Енергетски пасош од високата А-класа со досега најдобри енергетски карактеристики и најниска потрошувачка на енергија за греење, доби станбениот објект на Г.П. 3.16, изграден од Адора инженеринг во Ново Лисиче, општина Аеродром, Скопје, во комплексот „Адора“.

Сертификатот за енергетските карактеристики на станбени згради, издаден од лиценцираната фирма ДЕЛТА ПРОЕКТ ја потврди примената на високите критериуми за воведување на енергетската ефикасност, со потрошувачка на енергија за греење од 19,78 kWh/m²a, што е далеку под горната граница од 25 kWh/m²a за потрошена енергија на годишно ниво, предвидена за објектите од А енергетска класа. Показател за одличните енергетски индикатори на објектот се коефициентите на топлопроводливост на фасадната обвивка, надворешните ѕидови, подовите, плафоните и застаклените површини, што се значително подобри од законски пропишаните. Toa се должи на добрите материјали за изолација со графитен  стиропор од 12 cm, Geneo Fipro фасадна столарија, безметални ПВЦ профили и трислојни стаклопакети со нискоемисионо стакло. Вградените сертифицирани материјали се од најново производство, според европските стандарди, што резултира со помала потрошувачка на енергија за греење и ладење на становите и пониски трошоци за станарите, со позитивни ефекти врз домашниот буџет и стандардот.

Со енергетскиот пасош за станбениот објект на Г.П. 3.16 во Ново Лисиче, Аеродром, Скопје, што е четврт ваков сертификат за објектите на градежниот бренд Адора инженеринг, компанијата ја потврдува лидерската позиција во унапредувањето на еко домовите и зелената архитектура, како светски тренд за квалитетно, долгорочно економично и здраво домување, значајно за граѓаните и за заштита на животната средина.

ENERGETSKI-PASOS-3DSCN0125

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ