EE pasos Crkva 2_Page_1

ЕНЕРГЕТСКИ ПАСОШ А КЛАСА СО ОДЛИЧНИ КАРАКТЕРИСТИКИ ДОБИ ОБЈЕКТОТ „АЕРОДРОМ ЦРКВА 2“ НА АДОРА ВО АЕРОДРОМ

Енергетски пасош А класа доби новиот објект „Аеродром Црква 2“ во комплексот на Адора во општина Аеродром, Скопје, со што се потврдија одличните енергетски карактеристики на оваа станбена зграда, што на станарите ќе им овозможи неколкукратно намалени трошоци за греење од порано. Сертификатот издаден од лиценцираната фирма Делта проект, потврди годишна потрошувачка на енергија за греење од 21,07 kWh/m²a, што е за 4 мерни единици пониска од горната граница за А енергетска класа од 25 kWh/m²a, како и коефициенти за пренесување на топлина забележително пониски од дозволените граници кај надворешните ѕидови, подовите, покривите и застаклените површини на објектот. Енергетскиот пасош А класа за „Аеродром Црква 2“ е шести ваков сертификат што на Адора инженеринг и е издаден за изградените објекти по добивањето на првиот енергетски пасош А класа во Македонија, откако оваа област е законски  регулирање кај нас. Градежниот бренд Адора инженеринг е пионер во изградбата на енергетски ефикасните домови во регионот уште кога за тоа не постоеше законска обврска и регулатива во Македонија, а со постојаното подобрување на енергетските карактеристики на објектите со употреба на најсовремени материјали од реномирани светски марки, примена на иновации и нови технологии, компанијата е лидер во унапредувањето на еко домовите. Најголема корист од објектите со А енергетска класа имаат станарите, преку драстично намалување на трошоците за греење и ладење во споредба со порано, а со намалената емисија на топлина и CO₂ во воздухот, се заштитува животната средина како наш заеднички дом.

EE pasos Crkva 2_Page_1

DSCN4699DSCN0077

Архива