ЗАВРШЕНА АРМИРАНО-БЕТОНСКАТА КОНСТРУКЦИЈА НА ХОТЕЛСКО-РЕЗИДЕНЦИЈАЛНИОТ КОМПЛЕКС „21st Century by ADORA” НА ЗЛАТИБОР

Осум месеци по почетокот на градежните работи, завршена е армирано-бетонската конструкција на комплексот „21st Century Zlatibor Residence, Spa & Wellness” што на Златибор ја гради Adora Living Solutions, компанијата која во Србија го претставува интернационално реномираниот македонски бренд Adora Business Group.

Градежниот тим ангажиран на терен, деновиве ја заврши последната армирано-бетонска плоча на објектот, поставена е кровната плоча, а во 50 % од површината на комплексот се завршени ѕидарските работи. Работите на објектот „21st Century Zlatibor by Adora” се одвиваат со полна пареа, започната е монтажата на фасадната столарија, а се работи и на воведување на електрична, водоводна и канализациска инсталација. Следна фаза која се планира наскоро да започне, се работите на фасадата на комплексот.

 

Иновативниот комплекс „21st Century Zlatibor Residence, Spa & Wellness” кој брендот Адора го гради на атрактивна локација во срцето на Златибор, има 103 модерни апартмани и 5 брендирани ексклузивни penthous-и со најубав поглед на околните планински врвови. Објектот има совршено осмислени содржини, како современо опремен Spa & Wellness центар, пливачки базен, теретана, ресторан, кафетерија, унифициран дизајн на ентериерот по избор на сопствениците и заеднички убаво уреден двор со забавен детски парк од 600 m².

Во изведбата на „21st Century Zlatibor” брендот Адора го вгради 20 годишното искуство како лидер во високата градба во Македонија и предводник во воведувањето на најновите светски стандарди, технологии и иновации за поквалитетно домување, надградено со најсовремениот Building information modeling (BIM) кој е во чекор сонајновите трендови и методологии на градба.

Сите детални информации и визуелни претстави за концептот, содржините, квалитетот, стабилноста, микро локацијата, добивањето кредит и за профитабилноста на моделот кој со обезбедено одржување и управување на комплексот, преку рентирање на апартманите, на сопствениците им ги враќа вложените пари, дознајте ги со внимателно гледање на видеото за најновиот комплекс на Златибор „21st Century Zlatibor by Adora” на следниот линк: Видео

Архива