Тимот на Адора инженеринг дооел-Скопје: менаџери, инженери, надзори и 120 висококвалификувани македонски неимари градежни работници, со 4 пумпи, 26 миксери,на првиот есенски ден, 22.9.2016 година, започнаа со бетонирање на армирано бетонска темелна плоча. Станбено деловниот објект Adora Diamond Garden, е втемелен на плоча со дебелина од 110 сантиметри. Во неа се очекува во континуитет да бидат вградени 2000 м3 бетон, 200 тони арматурно железо и мрежи, со највисок проверен квалитет,за да се обезбеди сигурен темел за асеизмичка стабилност. Комплексот Адора Diamond Garden е лоциран на ул. ,,Московска‘‘ до Студентскиот Дом Гоце Делчев и Пазарчето Тафталиџе во Општина Карпош, населба Тафталиџе, Скопје. Дијамантската градина на Адора ке биде уникатен елитен станбено деловен објект од 10 катa, со два атриума како извор на природна светлина и циркулација на свеж воздух во целиот комплекс, фотоволтаичен систем, дијамантска стаклена фасада со 12 cм високо квалитетен неопор, сертифицирана енергетска ефикасност, звучна изолација со индекс на звучна пропусливост до 63 децибели, термичка и секоја друга изолираност, што ке им даде чувство на идните станари дека домуваат во зелена и високо безбедна градба. Аdora Diamond Garden има испроектирани станови од 30, 51, 54, 56, 70,71,85, 86,110 и125 м2. Приземјето е уредено во 13 екслузивни локали распоредени во 58, 66, 67, 70, 77, 85, 86 и 122м2 а има обезбедено и соодветен простор за паркирање во подземни и надземни паркинг простори. Вкупната инвестиција е околу 20 милиони евра економски обрт, што ке биде значаен ефект за македонската економија, ке обезбедува вработување во континуитет на најмалку 120 неимари. Градбата се очекува да биде завршена во рекорден рок, за да се намали времетраењето на вознемирувањето на соседите, за чие разбирање однапред им благодариме и известуваме дека ке се превземат сите мерки тоа да биде сведено на минимум во се согласно законските позитивни прописи.