11903624_956357181077340_2114208097_o

ЗА РЕКОРДНИ 47 РАБОТНИ ДЕНА , АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ЈА ПОСТАВИ ПОСЛЕДНАТА ПЛОЧА НАД ПОТКРОВЈЕ НА ШЕСТИОТ ЕЛИТЕН ОБЈЕКТ „АЕРОДРОМ ГРАДИНКА“ ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ

Стручните инженери, вредните мајстори и градежници во градежната компанија Адора инженеринг, завршија со армирање и бетонирање на последната плоча, од елитниот станбен објект „Аеродром Градинка“ во урбаната општина Аеродром во Скопје. Градежната оператива вредно и неуморно работеше и во рекордно време од 47 работи дена  ја постави последната плоча над поткровје со вкупно вградени  630 тони железна арматура и 6000 м3 висококвалитетен бетон со цврстина МБ 40 за целиот објект. Новиот станбен објект се наоѓа во непосредна близина на објектите Парк 1, 2 и 3 во општина Аеродром и меѓународната железничка и автобуска станица. Проектиран е на единаесет нивоа со модерни паркиралишта на две нивоа, а идните станови ќе бидат со површина од 22 до 86 м².

11926018_956357161077342_1884817642_o

11899190_956357187744006_1960784406_oIMG_4271IMG_4266

Во меѓувреме на објектот Парк 3 се работи на ѕидаријата на вториот кат, а на објектот Адора Flatiron во општина Кисела Вода се работи на шалување и армирање над третиот гаражен подрумски простор. Во тек се и припремите за изградба на следниот објект на Адора инженеринг, „Аеродром Кружен тек“.

Зад високата безбедност и градба на сите досегашни градби на Адора инженеринг стои искусен, професионален и стручен тим, предводен од потврдено успешниот генерален менаџер проф. д-р Ванчо Чифлиганец, одговорните во градежниот дел: дипл. инженер Стефан Орачески, раководител на објектот, дипл. инженер Вангел Ташовски, дипл. инженер Радослав Сименонов, Блажо Манаилов, Миле Јовановски, Спасо Иванов, Миле Крстев и Благоја Ѓуров. Одговорни за техничкиот дел и оперативата се: Љупчо Ивановски, Сречко Серафимов, Илија Илиев, Ристе Ефтимов, Јован Миличински, Миодраг Павловски и проектантското биро со архитектите Ванчо Ѓеорѓиевски, овластениот енергетски  контролор  Нина Стрезовска и Ивана Бајкова-Шаља, стручњаци за енергетска ефикасност, архитектите Роберт Старделов, Софија Дуљанова, Билјана Веселинова, Марија Блажевска, Небојша Јовановски, врвни мајстори-градители и елитната армирачка група предводена од Шуман Менсур и Шуман Мехрудин.

render1Gradinka
Објект Аеродром Градинка
Парк 1,2,3, Аеродром- Скопје
Објекти Аеродром Парк 1,2,3
DCIM101GOPROGOPR1773.
Адора Flatiron, Кисела Вода, Скопје
Архива