ЗA МОРАТОРИУМ ЗА ГРАДЕЊЕ ТРЕБА ДА ИМА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА, А НЕ ОПШТИНСКИ ОДЛУКИ!

Адора инженеринг бара рамноправен третман меѓу странските и домашните инвеститори и помеѓу самите домашни инвеститори.

„За забрана ( мораториум ) за градење неопходно е да постои национална стратегија, а не тоа да се сведува на инцидентни општински одлуки“. Ова е констататирано на средбата меѓу раководството на Стопанската Комора и менаџментот на Адора инженеринг, реализирана во градежната компанија од секторот на високата градба.
Адора инженеринг апелира до надлежните инстанци за рамноправен третман на инвеститорите во високата градба, како меѓу домашните и странските инвеститори, така и меѓу самите домашни инвеститори, со цел на компаниите да им се овозможат еднакви услови за работа.
Во 18 години успешно работење, бројот на вработени во Адора инженеринг достигна до 500, а поради мерките за мораториум на градба во поедини општини, компанијата беше принудена бројот да го намали под 100 вработени. Што се однесува на актуелните состојби во градежниот сектор-висока градба, проблем со кој подолго време се соочува Адора инженеринг е дека при постоење на детален урбанистички план на сопствена градежна локација, компанијата не може да започне со градба на проектиран објект, од што зависи идниот развој на овој градежен бренд.

Архива