НОВОСТИ

НОВОСТИ

Ивана и Јован Трајкови од Дедино-Конче се вселија новиот дом што на местото на опожарениот им го изгради Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец

Ивана и Јован Трајкови од Дедино-Конче се вселија новиот дом што на местото на опожарениот им го изгради Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец

Ивана и Јован Трајкови од Дедино, Општина Конче, денес се вратија на семејното огниште, вселувајќи се во нов дом кој на место на старата куќа што целосно изгоре во пожар минатиот декември, им го изгради и подари Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец. Донаторот, д-р Чифлиганец, генерален директор на Адора инженеринг, по традиционалното православно осветување на новиот дом, на Трајкови им порача дека како човек од радовишкиот крај, секогаш близок и отворен за проблемите на граѓаните, за оваа хумана мисија бил поттикнат од древната традиција на македонскиот народ да биде солидарен со луѓето во невоља, што им помогнало да опстанат и на неговите дамнешни претци. „Новиот дом за Трајкови во Дедино, го изградивме со многу љубов и желба да им помогнеме на Ивана и Јован, да издржат во најтешките моменти и пет месеци по пожарот да го продолжат животот во нов, убав, квалитетен и современ дом, што го подигнавме над пепелот на старото семејно огниште. Секој може да биде погоден од несреќа, но човечки е да си помагаме, а Трајкови во нивната деветта деценија заслужуваат да живеат достоинствено, сигурно и спокојно, во дом изграден со врвна стабилност и цврстина, со највисок квалитет, како прв енергетски ефикасен станбен објект од високата А класа во општините Конче и Радовиш. На брачниот пар Трајкови им посакувам во новиот дом безгрижно да ги минат пензионерските години со бериќетен благослов за нив и нивните потомци“, порача проф. д-р Ванчо Чифлиганец предавајќи им го новиот дом на Трајкови. „Немам зборови да ја искажам нашата благодарност до Чифлиганец, човек од нашиот крај, кој дојде и не посети веднаш по пожарот, ги слушна нашите маки и ни подаде рака со помош. Огромна е нашата среќа што благодарение на неговата хуманост и човечност, за брзо време се подигна нова куќа над пепелот од старата и по зимата што ја минавме кај соседите, летото ќе го дочекаме во нашиот нов прекрасен и опремен дом“.-порача Ивана Трајкова. За обновата на опожарениот дом на Трајкови Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец вложи 25 илјади евра, а во изведбата беше вклучена фирмата Градба од Радовиш. Проектот во Дедино е дел од бројните хумани акции, донации за заедницата, доделени стипендии за образование, поддршка на науката, културата, спортот, уметноста и поединци за што Адора инженеринг во изминатата деценија има издвоено околу 2,5 милиони евра, оданочени пари. На осветувањето на новиот дом на Ивана и Јован Трајкови во Дедино, присуствуваше градоначалникот на Општина Конче Благој Јованов кој истакна дека хуманата донација на Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец и Адора инженеринг е од огромно значење за жителите на општина Конче. nov-dom-dedino cifliganec-i-ivana-maj-2017 cifliganec-i-trajkovi image-0-02-05-242f085fd4112b68802572cc1c21cee6a3f07fde48b0b74b407d50720d image-0-02-05-6500ecbbbe1b6b34906ba0813e3ce0982175f21644882929e67c1b9914 img_20170527_102455 img_20170527_104950 img_20170527_113511 izgorena-kuka-dedino-dekemvri-2016

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ