stipendii

ИЗБРАНИ СТИПЕНДИСТИТЕ НА ПРВАТА СЕРТИФИЦИРАНА АКАДЕМИЈА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ

Националната асоцијација на престижни академски граѓани НАПАГ ги избра  стипендистите на првата сертифицирана академија Academy Adora Inzenering, што ги доделува фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец. Преку академијата што ќе трае три месеци, се поддржува работата и се поттикнува развојот на најуспешните и најталентираните студенти во Република Македонија од различни области на науката. Филип Илиевски од Фармацевтскиот факултет, Марина Србиноска од Медицинскиот факултет, Катерина Шарламанова и Сања Карова од Градежниот факултет, Небојша Јовановски и Олгица Грујоска од Архитектонскиот факултет, Елена Димитриевска и Елена Гагачева од Економскиот факултет, Кристина Мишевска од Филолошкиот факултет и Христина Лазаревска од Филозофскиот факултет, сите при Универзитетот Свети Кирил и Методиј, се студенти кои со високиот просек и покажаните резултати во образованието, ангажманите надвор од студиите и работните референции, се здобија со стипендии за академијата Адора инженеринг. Како  дел од кампањата „Креатор на сонот“, низ оваа сертифицирана академија, студентите ќе се стекнат со практични искуства и вештини за креативно и иновативно претприемништво, потребни за личен, професионален развој и кариера на талентираните и успешни студенти, што ќе се реализира во соработка на Адора инженеринг, фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец и НАПАГ, со цел да се унапреди образованието на младите луѓе, како носители на развојот на општеството и градењето на подобра и попросперитетна иднина на Македонија.

 

Logo

stipendii

Архива