Извршната директорка на Адора инженеринг д-р Драгана Чифлиганец со оригинално, искуствено, мотивациско предавање на обуката за бизнис лидери во Стопанската комора на Македонија

Стравот и храброста се патот кон успехот; Сè е во нашиот мозок, дали приватно или службено; Дали имаш план за 2022-ра; Без изговори; Кога се чини сè е против тебе, запомни дека авионот полетува спротивно на ветрот; Мораториумот, после 16 години не насочи кон инвестиции во финансискиот сектор; Брза адаптација; Со извозени 60 илјади km сама, во неполна година на Корона, за само 5 месеци, од темел до комплетно изграден функционален бутик хотел на Тасос; Истрајност-Дисциплина-Баланс; Претприемништвото не е ниту наука, ниту уметност, тоа е практика; Само делата се вистина; Ти можеш и Биди човек.
Тоа беа моќните, поучни пораки, кои д-р Драгана Д. Чифлиганец, извршната директорка на Адора инженеринг, говорејќи во прво лице, од сопственото животно и професионално искуство, на еден неконвенционален начин, им ги упати на менаџерите и бизнис лидери кои учествиваа на првиот модул на Програмата за клуб на менаџери – претприемништво и лидерство, која од декември годинава до мај 2022-ра се одржува во организација на Стопанската Комора на Северна Македонија.

Архива