DSCN0469

ИНТЕНЗИВНА И КВАЛИТЕТНА ГРАДБА: БЕТОНИРАНА ПЛОЧА НАД 6-ТИ КАТ ВО АЕРОДРОМ ГРАДИНКА, СЕ РАБОТИ НА ПОДЗЕМНИТЕ ПРОСТОРИИ НА АДОРА FLATIRON СКОПЈЕ

Стручниот тим инженери, вредни градители и неимари на Адора инженеринг деновиве ја постави плочата над шести кат на новиот станбен објект Аеродром Градинка, во чие бетонирање се вградени 206 м³ бетон, што гарантира изградба на стабилни, цврсти и квалитетни еко станови. Според планираната динамика на работа, овој објект, во најскоро време ќе биде целосно покриен со последната плоча во фаза на карабина, по што ќе се постави кровна конструкција. Во станбено-деловниот комплекс „Адора“, што се наоѓа на почетокот на општина Аеродром, во близина на меѓународната автобуска и железничка станица во Скопје, на само 10 минути пеш од строгиот центар на метрополата, каде освен Аеродром Градинка, се и објектите Аеродром Парк 1 и Парк 2 и Аеродром Црква 1, во тек се ѕидарските работи во објектот Аеродром Парк 3, се довршуваат ѕидарските и занаетчиски работи во објектот Аеродром Црква 2, а на тој простор наскоро ќе се гради и објектот Аеродром Кружен тек.

По поставувањето на темелната плоча на новиот елитен станбено-деловен комплекс Аеродром Flatiron Скопје, се работи на армирање и бетонирање на столбовите и ѕидовите на третотот подземно ниво. Комплексот кој се наоѓа на почетокот на општина Кисела Вода, во централното градско подрачје, на само 1 километар оддалеченост од главниот плоштад во Скопје, има богат избор разновидни станови од 31 до 119 м² и луксузен апартман од 260 м², како и ексклузивни деловни простории од 45 до 277 м². За станбено-деловната понуда на комплексот  Аеродром Flatiron Скопје има голем интерес од граѓаните на Скопје и Македонија.

DSCN0469

DSCN0466

DSCN0460

DSCN0455

Архива