Menager Kapital Dushko 2021_Page_01 2jpg

Интервју со Душко Чифлиганец во „Менаџер Капитал“ за најновите бизнис предизвици, инвестицијата во Србија и клучот за одржливост во кризно време

Во мега интервјуто „Лицето на модерното градежништво“ во најновото издание во економскиот магазин „Менаџер Капитал“, Душко Чифлиганец, заменик претседател на Adora Business Group, зборува на актуелни бизнис и животни теми во неизвесното пандемиско време. Тој порачува дека на глобалната бизнис сцена, сега повеќе од било кога, е евидентен концептот „Modernise or Die”, што значи дека единствениот начин за опстанок и комфор во ова некомфорно време е секој бизнис да биде крајно адаптибилен, флексибилен и да се стреми кон најновото, најнапредното и најиновативното.
„Со започнувањето на пандемијата, неизвесноста стана огромна и сите досегашни анализи повеќе не беа релевантни. Набрзо го идентификувавме Златибор како едно од ретките места на Европската мапа каде што продажбата на недвижности е драстично зголемена, како дестинација која е во огромна експанзија и има растечка популарност, по што делувавме брзо. Оригинален и иновативен, суптилно креиран за планински хедонизам во кој ќе уживаат задоволни и среќни купувачи, комплексот „21st Century Zlatibor Residence, Spa & Wellness” e најновиот градежен проект на брендот Адора во соседна Србија, вреден 15 милиони евра, кој е во фокусот на моето работење“.- потенцира Душко Чифлиганец, заменик претседател на Адора Бизнис Групацијата, што се окрупни и го прошири градежниот бизнис во други земји, како и во други области. Најмладиот претставник на топ менаџментот на Адора, оценува дека паметниот начин на инвестирање во резиденцијално-хотелскиот комплекс на Златибор кој ги враќа вложените пари, е адекватен пример и одлична илустрација за флексибилноста и исклучителната важност на способноста за брза адаптација, што компаниите мора да ја поседуваат во денешната деловна средина.
„Во новото време малите детали ја креираат глемата слика и ги диверзифицираат најдобрите од останатите. Мојот досегашен успех на проектите, каде што јас бев проект лидер се заснова токму на исклучителната работа посветена на маргините, односно деталите. И верувајте, многу често количината на вложеното време во одредена работа има поголема улога во нешто дали ќе испадне убаво или не, отколку вложените пари во истото. Ова е сегмент за кој што можеби повозрасните генерации немаат толку трпение како нас, помладите“, истакнува Душко Чифлиганец во интервјуто во „Менаџер Капитал“, каде меѓу другото тој зборува и за соработката со Ѓоковиќ Фондацијата, за вложувањето во акции наместо во криптовалути и за неговиот животен слоган „Треба да работиме за да живееме, а не обратно“.
Интегралното интервју прочитајте го на следниот линк: www.kapital.mk 

 

Архива