КИК БОКСЕРИТЕ НА РАБОТНИЧКИ АДОРА ОСВОИЈА ЗЛАТО И ДВЕ БРОНЗИ НА БАЛКАНСКОТО КИК-БОКС ПРВЕНСТВО ВО СКОПЈЕ

На 15-тото Балканско првенство што во кик бокс се одржа во Скопје, меѓу најуспешните и најдобро пласираните, со освоени златна и две бронзени медали, се тројца натпреварувачи од Кик бокс клубот Работнички Адора.

Со освоениот златен медал на Балканското првенство, Димитар Ѓорѓиев, неколкукратниот светски и европски шампион, нашиот најпознат и најнаградуван кик боксер, беше најуспешен во дисциплината Low Kick -81 kg, издвојувајќи се меѓу најдобрите, златни момчиња на ова меѓународно првенството.

Медин Ахмети, исто така кик боксер на Работнички Адора, освои бронзен медал во дисциплината Low Kick – 71 kg. Неговиот колега Дамјан Стојчевски, освои бронзен медал во дисциплина Low Kick – 63.5 kg.

Ѓорѓиев, Ахмети и Стојчевски, го претставуваа кик бокс клубот Работнички Адора од Скопје на Балканското првенство во кик бокс, на кое учествуваа над 200 натпреварувачи од Македонија, Србија, Црна Гора, БИХ, Словенија и Турција, кои се бореа во машка и женска конкуренција, во повеќе категории и различни класи.

Кик бокс клубот Работнички Адора, кој успешно работи три години под покровитество и со огромна поддршка на компанијата Адора инженеринг, е меѓу најсовремените и најдобри кик бокс клубови во регионот за тренинзи на професионалци и рекреативци, со цел да имаме здрави генерации и успешни кик боксери кои преку спортски успеси ќе ја афирмираат Македонија во светот.

Архива