Комерцијална банка е „Банка на годината во 2021“ според Банкарство.мк

Честитки за Комерцијална банка АД Скопје за изборот за „Банка на годината во 2021“ во државата, според читателите на економскиот информативен портал Банкарство.мк. Комерцијална банка освои убедливо најмногу вкупно гласови (31.507 од 22.659 учесници) од читателите кои имаа можност да гласаат во седум категории, во анкетата што порталот ја спроведе во јануари годинава.

Понудата, професионалноста, посветеноста и одговорноста, се предностите кои на Комерцијална банка ù донесоа уште едно од многуте национални и интернационални признанија, во најважната категорија „Банка на годината за 2021“, според изборот на Банкарство.мк. Освен тоа, Комерцијална банка е убедливо прва и во категориите „Банка која нуди најповолни каматни стапки на кредити, депозити и провизии за банкарско работење“, „Најдобра банка според препознатливост на брендот“ и „Банка која е најмногу препознатлива по општествена и социјална одговорност“.

Во Комерцијална банка, која е најголема банка со домашен капитал во државата, каде најголем поединечен акционер со 14,99 % е Адора инженеринг, наградата ја оценуваат како потврда од граѓаните за нивното целосно задоволство од работењето на банката. Од Комерцијална банка порачуваат дека задоволување на потребите на клиентите и нивното корисничко искуство, се врвни приоритети во работењето на банката.

Комерцијална и натаму останува банка со најголема доверба од граѓаните и претставува вистински фактор за развој на македонската економија. Комерцијална банка е единствената домашна банка со приватен капитал од страна на акционерите, кои имаат максимална контрола и заедно со вработените и врвниот менаџмент, даваат сигурност дека на среден и долг рок таа ќе биде успешна.

Архива