НОВОСТИ

НОВОСТИ

НАГРАДА „ДАМА НА ГОДИНАТА“ ЗА Д-Р ДРАГАНА ЧИФЛИГАНЕЦ ВО БЕЛГРАД ЗА ИНОВАТИВНОСТ ВО ДОМУВАЊЕТО И ЗА ФИЛАНТРОПИЈА

НАГРАДА „ДАМА НА ГОДИНАТА“ ЗА Д-Р ДРАГАНА ЧИФЛИГАНЕЦ ВО БЕЛГРАД ЗА ИНОВАТИВНОСТ ВО ДОМУВАЊЕТО И ЗА ФИЛАНТРОПИЈА

Д-р Драгана Д. Чифлиганец синоќа во Белград ја доби престижната интернационална награда „Дама на годината“ за иновативност во домувањето и за филантропија. На 12-тата манифестација во Белекспо центарот, за избор на дами и џентлмени на годината, наградени беа истакнати жени и мажи од јавниот, економскиот и општествениот живот од Србија и Европа, меѓу кои и Ивица Дачиќ, потпретседател на владата на Србија и министер за надворешни работи.
Извршната директорка на Адора инженеринг на свеченоста беше претставена како силна и успешна млада жена, 15 години црсто етаблирана во „машкиот бизнис на висоградбата“, позната по трудољубивоста, упорноста, пионерските чекори за воведување на нов концепт на поквалитетно и хумано домување, базиран на светските стандарди и најнови трендови, потврден филантроп, силен лобист за родова еднаквост и женски права и докажан општествено одговорен активист.
Драгана порача дека ова е големо признание за неа и за Македонија, што како единствена добитничка годинава од нашата земја, ја поттикнува и натаму посветено да работи на воведување на иновациите во домувањето и на хуманите проекти за поддршка на поединците и заедницата. Наградата доделена на 8-ми март, Драгана Чифлиганец им ја посвети на сите силни жени за кои славниот нобеловец Иво Андриќ запишал „Жената стои како капија, на излезот и на влезот во овој свет“.
Д-р Драгана Д. Чифлиганец е добитник на повеќе меѓународни и национални признанија, меѓу кои и „40 под 40“, 2019 во Амстердам за водечки млади бизнис лидери во Југоисточна Европа, „Менаџер на годината“ во 2012 во Македонија и „Дама во градежништвото“ во 2014-та година на Саемот за градежништво.

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ