Адора Flatiron Скопје
Адора Diаmond Garden
Аеродром црква 3
Сакам да купам СТАН

Национални признанија

04/03/2016

Успешната градителска приказна Адора Flatiron Скопје е прогласена за НАЈДОБАР ПРОЕКТ НА ГОДИНАТА на Саемот на недвижности RealExpo 2016, за што синоќа ова вредно признание и беше доделено на д-р Драгана Чифлиганец, извршен директор на Адора инженеринг. Наградата ПРОЕКТ НА ГОДИНАТА е уште една потврда за значењето на уникатниот комплекс што Адора инженеринг го изгради до горна плоча во рекорден рок од шест месеци и 20 дена од почетокот на градба во август 2015-та година. За македонскиот Flatiron, новиот урбан симбол во центарот на Скопје, во чиј стил е уреден и годинашниот штанд на Адора на саемот, голем интерес меѓу бројните посетители покажаа и студентите на Градежниот факултет од конструктивната насока, при Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје. На денешната средба со студентите, генералниот директор на компанијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец им порача дека избрале една од најплеменитите професии со која можат да успеат и во Македонија и во светот, за што потврда е и континуираниот пораст на градежниот сектор, како главен двигател развојот на македонската економија. Од излагањето на д-р Чифлиганец и Ивана Бајкова-Шаља, специјалист по енергетска ефикасност, студентите дознаа повеќе за цврстината и врвната асеизмичка стабилност на објектите, што единствено во Македонија со вештачки земјотрес го докажува Адора инженеринг, која прва во регионот ги воведе енергетски ефикасните домови А класа, кои на станарите долгорочно им заштедуваат енергија за греење и ладење, а компанијата ги применува и сите современи светски стандарди и трендови за сигурно, квалитетно и економично домување. Адора инженеринг по шести пат се претставува на Саемот на недвижности, со уникатен штанд и промотивна понуда на маркантниот објект Адора Flatiron Скопје, комплексот Аеродром и најновата Адора Diamond Garden што наскоро ќе се гради на атрактивна локација во Скопски Карпош-Тафталиџе. За најсреќните купувачи на RealExpo 2016, што трае до 5-ти март, сабота, Адора со саемските поволности, обезбеди вредни награди: целосно бесплатно универзитетско школување на Американ колеџ Скопје, награда автомобил Мазда CX-3 и други пријатни изненадувања.Dragana so nagrada image-53b933581fe6ca8f166ba15c1512b1ee0ecaff7f74a9e11394df10ee359dbfb6-V image-52bb02814af7dfc436251703a6c061635e8ea3a6d0ffe6d23834ec781f5dde97-V image-89ccfc19e707152b1948eb86927c6570bac2085ab1fadcd4ea720db5f005e37d-V