P1060448

НАДМИНАТ Е ПРОБЛЕМОТ СО АВТОДИГАЛКАТА НА ФАКОМ И ПРОДОЛЖИ БЕЗБЕДНО РАБОТАТА НА ОБЈЕКТОТ АДОРА FLATIRON СКОПЈЕ

Реномираната компанија Факом во текот на минатата ноќ експресно го санира техничкиот проблем на автодигалката на објектот Адора Flatiron Скопје и денес изградбата на овој комплекс, чиј инвеститор е градежниот бренд Адора инженеринг, продолжи непречено и целосно безбедно. Факом и Адора инженеринг ја известуваат јавноста дека при реализација на инвестициските проекти од градежништвото и високоградбата, не е исклучено да дојде до евентуални проблеми од техничка природа, но тие не треба да се преувеличуваат, драматизираат и непотребно да се создава паника, посебно кога нема никакви штетни последици. Адора инженеринг и Факом им благодарат на медиумите за коректното информирање и на сите кои покажаа разбирање за проблемот, што заедно со стручната  интервенција, придонесе техничкиот проблем на автодигалката за брзо време да биде надминат. Објектот Адора Flatiron Скопје продолжува да се гради според зацртаната динамика, стабилност и квалитет.

Факом Скопје и Адора инженеринг секогаш ги сведуваат на минимум ризиците кои се придружна појава во секоја индустрија.

Архива