Нашата Адора атлета Антонио Дамјановски со второ место на Отворениот мото крос шампионат Србија 2022

Нашиот најуспешен млад мото крос талент, Антонио Дамјановски, минатиот викенд се пласира на високото второ место на српскиот отворен шампионат 2022 на тркачката патека Serbia-Globare Motocross. Овој исклучително надежен 15 годишен мото крос возач од Битола, на шампионатот во Крушевац со голем број натпреварувачи од повеќе земји, во првата трка во класата MX2 го освои првото место, а во втората трка во класата MX junior се пласира на второто место.

Димитриевски порача дека е презадоволен од пласманот и освоеното второ место на отворениот интернационален шампионат во Србија, што за него е своевидна генерална проба и одличен тренинг за претствојните европски шампионати во MX мотокрос категоријата, во која тој неодамна дебитираше.

Под генерално покровителство на Adora Business Group , Антонио Димитриевски, златната кацига на Македонија, продолжува со интензивните натпревари кон освојување на европското злато на претстојните европски БМУ шампионати во Турција, БИХ, за повторување на највисокиот државен пласман на мото крос шампионатот во Смолево кај Битола и други тркачки патеки во Македонија и на интернационално ниво. 

Архива