Нова донација за 19-годишнината на Адора инженеринг – автоматски хематолошки анализатор кој ќе направи пресврт во хематологијата во Здравствениот дом во Радовиш

Адора инженеринг –19-годишнината од основањето на компанијата ја одбележа со уште една нова донација. Овој пат, согласно условите на новото време во кое живееме речиси година и пол на Ковид 19 криза и потребите на здравствените установи и на граѓаните, компанијата му подари автоматски хематолошки анализатор со петделна диференцијација на леукоцити на ЈЗУ Здравствен Дом во Радовиш.
Со ова Здравтсвен дом Радовиш е шестиот здравствен дом во државата од вкупно 36, во кој ќе биде инсталиран автоматски хематолошки анализатор со петделна диференцијација на леукоцити од светски познатиот производител Mindray.
Со инсталацијата на овој анализатор хематологијата ќе биде издигната на највисоко ниво, на докторите ќе им се овозможи подетален увид во клиничката состојба на пациентите, полесно поставување на дијагноза, лекување и превентива, а на пациентите ќе им биде овозможена услуга која досега единствено можеле да ја добијат во Клиничкиот центар во Скопје и во Клиничките болници од јавниот и приватниот сектор. Со инсталацијата на овој анализатор со потполно нова технологија се подобрува квалитетот на здравствените услуги, се зголемува довербата на пациентите во здравтвениот систем, се олеснува нивниот живот поради скратување на времето за патување и намалување на трошоците.

Адора инженеринг како растеше во изминатите години постојано инвестираше во градењето на подобро општество за сите, вложувајќи повеќе од 5 милиони евра во спортот, здравството, културата, образованието. Филантропската мисија на Адора, не само во Македонија, продолжи и во Србија, Златибор, каде што Адора Бизнис Групацијата и нејзината новоформирана компанија, претставник на српскиот пазар, Adora Living Solutions го градат станбено деловниот комплекс под називот „21st Century Zlatibor Residence, Spa & Wellness by Adora“. Фондациите „Новак Ѓоковиќ“ и „проф.д-р Ванчо Чифлиганец“ во заедничка хумана мисија, пролетва, отворија нова градинка во село Љубиш, во близина на Златибор и покажаа дека хуманоста нема граници.

Општествено корпоративната традиција на Адора инженеринг стана препознатлив белег на компанијата, секогаш да враќа нешто назад во средините во кои има деловни активности.

Адора инженеринг на денешен Ден 28-август, големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, одбележува 19-години успешно работење.

На 28 август 2002 година, успешниот директор на рудникот „Бучим“, кој сите во Радовиш и во Македонија го паметат како предводник на златното време и за рудникот и за Радовишани, и пратеник во два мандата во Собранието, проф.д-р Ванчо Чифлиганец ја основа градежната компанија Адора инженеринг. Компанија која во изминатите 19 години станува една од најуспешните компании во високоградбата, поставувајќи нови стандарди за сигурно и урбано домување. Адора има изградено 40 станбено-деловни објекти, со 400 илјади m² нето развиена површина, реализирани се инвестиции со економски обрт од околу 350 милиони евра, изградени се околу 3.000 висококвалитетни домови, во кои живеат над 13 илјади граѓани. Адора континуирано е меѓу 100 најуспешни и најголеми компании во Македонија. На 26 јули 2013 година на свој станбен објект во Скопје, на 50 годишнината од скопскиот земјотрес, во соработка со ИЗИИС, го реализира првиот вештачки земјотрес со цел да ја докаже стабилноста на новоизградените домови. Адора прва почна со изградба на енергетски ефикасни домови, 10 години пред тоа да стане законска обврска за компаниите.

Во 2018 година, Адора инженеринг влегува во финансискиот сектор, станува најголем поединечен акционер, во Комерцијална банка АД Скопје, најголемата банка со доминантно македонски капитал. Чифлиганец е член на Надзорниот Одбор, а со тоа се потврдува дека може да биде успешен бизнисмен, не само во рударството и градежништвото, туку и во финансискиот сектор.
Чифлиганец, со неговото семејство, е основач и на „Фондацијата профд-р. Ванчо Чифлиганец“, со чија донација се изградени, православниот храм „Св.Јован Крстител“ во општина Аеродром, обележјето Фаќач на крст- за Богојавление-Водици во Охрид, саат кули во Струмица и Ѓорче Петров, фонтана во паркот во Кисела вода, поделени се илјадници топли оброци на бездомниците и социјалните случаи, дадена е помош на настрадани во елементарни непогоди, пожари и поплави, реализирани се донации во здравствени и образовни институции, доделени се голем број стипендии, донации. Меѓу позначајните донации ги издвојуваме, обнова на опожарената куќа во село Дедино на семејството Трајкови, кое доби клуч на рака од новиот дом, таблети и компјутери за учениците за ублажување на последиците од пандемијата Ковид 19, поддршка на голем број спортски клубови во борење, ракомет, кошарка, кик бокс, спонзорства на повеќе физички лица кои се занимаваат со музика, издавање книги, поддршка за повеќе медиуми.

Адора е една од најнаградуваните македонски компании со освоени над 60 признанија, од кои 10 интернационални награди доделени во Амстердам, Дубровник, Монте Карло, париз, Мадрид, Виена и 50 национални признанија за македонски квалитет, за одржлив развој, инвеститор на годината, прв градежен супербренд, најеколошка компанија,16 признанија за најдобри општествено одговорни практики, 8 награди за изградба на еко домови, 5 за вложување во заедницата, за животно дело, индивидална и корпоративна филантропија, Свети Климентов орден од прв ред.

За многу години да ни е големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица и Денот на Рударите!

„Голема Благодарност кон сите луѓе, деловни партнери и институции во Македонија, кои за целиот 19-годишен период ме поддржуваа, од кои црпев енергија да направиме една успешна македонска градителска приказна, како што е Адора инженеринг. Му се заблагодарувам на моето семејство, на мојот менаџерски тим и на моите вработени, бидејќи без нивната поддршка, немаше да бидеме ова што сме денес. Покажавме дека кога сме сите заедно обединети, може Македонија да биде плодна почва за успешен бизнис. Ве поздравувам сите со рударскиот поздрав СРЕЌНО!“

проф д-р Ванчо Чифлиганец- генерален директор, Душко Чифлиганец –заменик генерален директор, д-р Драгана Чифлиганец-извршен директор и
сите вработени во компанијата Адора инженеринг

 

Архива