НОВОСТИ

НОВОСТИ

Новиот апарт хотел на Адора 21 st Century Zlatibor е уникатно авторско дело

Новиот апарт хотел на Адора 21 st Century Zlatibor е уникатно авторско дело

Потписот “by Adora” се етаблира во регионот како навистина препознатлив симбол за автентични недвижности.

Како што се дознава, завршена е изградбата на 21st Century Zlatibor Spa & Wellness by Adora, новиот ултра луксузен комплекс на Адора на Златибор, кој на почетокот од август ги отвори своите врати за првите гости. Упатените оценуваат дека се работи за прекрасен, по многу нешта исклучителен апартмански хотел на ниво со 5 ѕвезди, што со дизајнот на екстериерот и ентериерот и квалитетната понуда, на креативен, модернистички начин, дефинитивно се издвојува од остатокот од понудата.

            Во јавноста во Србија на големо се зборува за отворањето на хотелот на Адора на Златибор, кој е во фокусот на најпознатите „фаци“ од српската медиумска и естрадна сцена. Познатиот водител Огнен Амиџиќ комплексот го опиша како „Лудило“, најавувајќи дека најпопуларната емисија во Србија AmiG Show во август ќе се снима во 21st Century Zlatibor. На отворањето на објектот, каде Амиџиќ е само една  од познатите личности што засега има апартман, е најавено присуството на естрадните ѕвезди Гоца Тржан, Наташа Беквалац, Саша Матиќ, познати инфлуенсери, модели и други јавни личности од светот на музиката, филмот и спортот на Балканот.

„Во нашиот пионерски проект на српскиот пазар 21st Century Zlatibor Residence, Spa & Wellness, не само што го вложивме целото 20 годишно искуство и знаење во создавањето недвижности со додадена вредност; story telling аспектот го однесовме чекор понапред. Посветивме исклучително време, внимание и brainstorming во создавање исклучителни мотиви, кои на крајот резултираа со единствен дизајн израз, којшто во различни форми и мотиви се провлекува низ повеќе делови од комплексот. Креиравме флуиден спој од дизајн стилови како mid century modern, contemporary и industrial style, art deco, jazz elegance, надополнети со дигитална современа уметност со акварел, мурали со ексцентрични мотиви и други внимателно осмислени детали. Судејќи по мене, првите импресии на купувачите кои дојдоа да ги примат во сопственост нивните инвестициски апартмани и реакциите од пријателите на нашата компанија и јавните личности, кои имаа прилика зад затворени врати да го видат комплексот, амбиентот и крајниот визуален резултат, опишано со еден збор се спектакуларни. Навистина сме задоволни од работата што ја сработи тимот на Адора во соработка со нашите долгогодишни дизајн партнери од Zavar Design и со уметниците од регионот Pijanistq, Milanović и други. Сите заедно создадовме апарт хотел којшто престставува уникатно авторско дело. Расте интересот за проектот во целата српска и регионална јавност на самиот почеток на работата, а во првата половина од август очекуваме низа кул личности меѓу првите гости. Наидовме на многу предизвици при реализацијата на овој проект, меѓутоа горд сум што како new ideas & creative leader на нашата компанија, заедно со тимот успеваме печатот by Adora да го етаблираме во регионот како навистина препознатлив симбол за автентични недвижности, дополнет со профитабилен бизнис концепт. Истотака, горди сме што претставуваме успешен бизнис и економски македонски амбасадор во регионот. Ве очекуваме во август на Златибор! “, порача Душко Чифлиганец, од втората генерација сопственици на Adora Business Groupи проект лидер на 21st Century Zlatibor by Adora.

            Почесните први гости во 21st Century Zlatibor ќе се здобијат со долгорочни привилегии во комплексот со најубав поглед на Златибор, кој нуди неверојатно чувство „планина на море“ во базенот со солена вода и СПА центарот, декориран со несекојдневни уметнички дела. Ресторанот Gatsby спремно Ве очекува со гастрономска поезија од кулинарски специјалитети, има детско забавно катче за најмладите и градинарска кафетерија за возрасните. Преку резервација на веб страницата 21zlatibor.rs ексклузивно во текот на август, за 99 евра може да си обезбедите ноќевање за 2 лица во модерен апартман со појадок и користење на СПА центарот. Преку овој промо пакет, првите гости ќе го искусат сиот комфор и луксуз што овој комплекс го нуди по екстра поволна цена, која е барем за 70 евра пониска од редовната.

Убаво е да се види каква силна трага оставаат квалитетните македонски компании во регионот, привлекувајќи го вниманието на најетаблираните медиумски личности, што „мами“ желба кај секој од нас во Македонија, еден топол викенд  во август да поминеме на свежиот и секогаш пријатен Златибор.

Деновиве преку личните, социјални медиуми на Душко Чифлиганец, имавме можност да видиме behind the scenes содржини од продукцијата на уникатни маркетинг материјали за комплексот и да ѕирнеме во внатрешноста на овој единствен апарт хотел. Со цел текстот да го илустрираме со официјални фотографии, премиерно Ви претставуваме неколку teazer фотографии од 21st Century Zlatibor by Adora. Иако делуваат како рендери, фотографиите се целосно вистинити, што објаснува зошто српските јавни личности едноставно го опишаа проектот како вистинско „Лудило“.

 

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Со акцијата „Во спомен на Биби“, Адора обезбеди преглед на дојка за сите свои вработени жени

Под мотото „Свесни сме“, Адора Бизнис Групацијата организирано се придружи на розовиот октомври, месецот посветен на подигнување на свеста кај жените, за заедничка борба против

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ