НОВИОТ ДОМ ЗА ТРАЈКОВИ ВО ДЕДИНО-ДОНАЦИЈА НА АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ Е ПРВИОТ ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСЕН СТАНБЕН ОБЈЕКТ А-КЛАСА ВО КОНЧЕ И РАДОВИШ СО ВРВНА СЕИЗМИЧКА СТАБИЛНОСТ

Интензивно напредува изградбата на новиот дом што Адора инженеринг и фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец го подигнуваат како донација за семејството Трајкови во радовишкото село Дедино, на местото каде во декември минатата година во пепел се претвори семејната куќа што изгоре целосно во пожар.

„Новата куќа на Трајкови ја градиме со највисоко ниво на цврстина, сеизмичка стабилност и квалитет и таа ќе биде првиот станбен објект со високата А енергетска класа во општините Конче и Радовиш. Сакаме по несреќата со пожарот, ова семејство да има сигурен и квалитетен дом, каде во спокој и без грижа ќе ги поминат пензионерските години од животот“, порача проф. д-р Ванчо Чифлиганец, при неодамнешната посета на Дедино кој очекува новата куќа да биде готова во летниот период и да им биде предадена на Ивана и Јован Трајкови.

image-0-02-05-9d10bb78dde60dfd0faee2956768e2efcd0c5239d9ddbb5a78611592440678ed-Vimage-0-02-05-134aa478b9307d7c1e121c3b44c5e82b504d0614ba6223fe7c71ea367e66f11e-Vimage-0-02-05-11fac5de9493f5bcd4976e95d878f51f17a1641c0801bc0043350b22ae7a9a6d-Vizbrana

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Архива