НОВОСТИ

НОВОСТИ

„ОАЗА ОД ВКУС И ЕЛЕГАНЦИЈА НАСРЕД ПЛАНИНСКИ АМБИЕНТ“- 21ST CENTURY ZLATIBOR НИЗ ОБЈЕКТИВОТ НА SRBTEL.MK

„ОАЗА ОД ВКУС И ЕЛЕГАНЦИЈА НАСРЕД ПЛАНИНСКИ АМБИЕНТ“- 21ST CENTURY ZLATIBOR НИЗ ОБЈЕКТИВОТ НА SRBTEL.MK

Најпосетената планина во Србија, ова лето прослави 130 години од воведувањето на организираниот туризам. Во годината на јубилеот, за љубителите на планинскиот хедонизам, на Златибор е отворен апартмансикиот комплекс 21st Century Zlatibor Residence, Spa & Wellness by Adora, македонска инвестиција која на своите гости им нуди 107 модерно опремени апартмани, како и boutique содржини кои се оаза на вкус и елеганција насред планински амбиент.

„Многу ни значи секоја странска инвестиција, бидејќи тоа носи нови содржини, зошто ако се затвориме само во локални рамки, не можеме да очекуваме да имаме посериозна туристичка понуда. Последните 20 години работиме на развој на инфраструктурата, со цел да ја отвориме нашата дестинација и планината Златибор. Како што има популарни отворени градови низ Европа и во светот, така и ние сакаме поинаку да настапиме на странскиот пазар, каде треба да се знае дека има една отворена планина во Србија и во тој дух ја испративме пораката и до нашите туристи од регионот. Најлесно е да тргнеме од нашето опкружување, бидејќи тука нема јазични бариери, заедно бевме во иста држава, последните години сè повеќе ни доаѓаат туристи од Македонија, а ние испративме и порака дека сакаме да видиме и македонски инвеститори на Златибор. Новоизградениот објект 21st Century навистина е нешто ново и авангардно, кој сигурно ќе донесе една нова туристичка понуда на едно високо подигнато ниво и за нашите домашни инвеститори, бидејќи објектот навистина е прекрасен и создаден според модерните стандарди и барања на денешните, современи туристи. Се надеваме дека ова нема да биде единствена инвестиција на брендот Адора на Златибор, што само по себе привлекува нови туристи од Македонија на Златибор. Серизоните инвеститори како Адора се препознаваат и по сенсот кој тие го имаат за потребите на локалната заедница каде вложуваат, создавајќи добар амбиент и добра синергија меѓу локалните жители и инвестициите. Адора покажа многу добар однос и заедно со Фондацијата Новак Ѓоковиќ и локалната самоуправа изгради нова детска градинка во селска месна заедница, што во овој дел од Европа денес е можеби незамисливо во време кога од поранешните ЈУ републики имаме одлив на млади луѓе кои заминуваат во Европа и на други подобри и поуспешни дестинации, тука е спротивно, за што сме многу благодарни. Адора која е позната по хуманоста во Македонија, е пример на позитивна пракса во златиборскиот регион дека не треба да се мисли само на остварување профит, туку и да ù се возврати на заедницата. Овој начин на функционирање го препознаа и српските инвеститори, кои треба да сфатат дека сега имаат и сериозна конкуренција од новиот хотел 21st Century Zlatibor by Adora“. – порача Милан Стаматовиќ, градоначалник на Општина Чајетина, Златибор во изјавата за SRBTEL.MK

„Вложувајќи во развојот на инфраструктурата и во валоризацијата на микро-туристичките локалитети, ние добиваме поволен амбиент за отворање на нови хотелски објекти, нови апартмани, населби и вили. Едно од тие луксузни зданија е овој Адора хотел, кој неодамна започна со работа во годината на јубилеот, што за нас е многу значајно, со што Златибор како дестинација станува појака, го засилува својот капацитет со нови поквалитетни туристички производи. Сигурен сум дека ваквите хотелски капацитети ги мотивираат останатите хотелиери за нови инвестициски вложувања, што нам како дестинација ни го подигнува рејтингот и репутацијата и ни дава шанса, со своите активности да придонесеме за зголемување на туристичкиот промет. Сметам дека вакви модерни објекти како 21st Century Zlatibor by Adora, кои на туристите им нудат комплетна услуга, и не само пансионска, туку и дополнителни вонпансионски содржини, го следат трендот и развојот на нашата дестинација. Со новите проекти кои Општина Чајетина и Туристичката организација Златибор имаат план да ги развијат во наредниот период, Златибор ќе го подигнеме на повисоко ниво, ќе поставиме нови стандарди и сигурен сум ќе привлечеме нови инвеститори и инвестиции. Статистички гледано, во остварениот туристички промет, 70 % од гостите кои во текот на година го посетуваат Златибор се гости од Србија, а 30 % се гости од регионот, каде најголем процент отпаѓа на гостите од поранешните ЈУ држави, каде спаѓаат и гостите од Македонија. Сигурен сум дека пред сè со изградбата на патната инфраструктура, како комплетирањето на автопатот од Ниш до српско-македонската граница и изградбата на Моравскиот коридор што за нас е особено значајно, дополнително ќе се смали должината на времетраењето на патувањето за околу 1 час. Сите тие околности придонесуваат да сме подобро поврзани, комуникацијата меѓу нашите две држави да биде полесна и подобра, и тоа сè оди во прилог во наредниот период да очекуваме поголем број гости од Македонија, што за нас е исклучително битно. По затишјето за време на Короната, сметам дека со отворањето на нови луксузни хотели како оваа инвестиција од Македонија, сега е вистинско време, нова шанса, мотив и причина, да бидеме поприсутни на Вашиот пазар и да очекуваме во наредните години сè поголем број гости од Македонија на Златибор“. – порача Владимир Живановиќ, директор на Туристичката Организација Златибор.

Интегралниот видео прилог на SRBTEL.MK за новиот апарт хотел на Адора на Златибор, видете го на: SRBTEL.MK/21zlatibor

Адора

Поврзани вести

Во најтешките времиња носевме храбри одлуки. Душко Чифлиганец од Адора со впечатлив настап на форумот на најугледниот економски магазин во Скопје

„Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИДНИНАТА ПОЧНУВА ДОМА

Извршната претседателка на Адора Бизнис Групацијата, д-р Драгана Чифлиганец е избрана за млада жена – бизнис херој, која успешно гради краиера – да биде пример

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Адора инженеринг во ТОП 200 – Успешна приказна од градежната индустрија

„Адора инженеринг, којашто го прослави својот 20ти роденден изминатата година, неуморно продолжува да работи и да постигнува нови успеси“- објави едицијата 200 НАЈГОЛЕМИ И НАЈУСПЕШНИ

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најчитаните српски медиуми пишуваат за нашиот комплекс 21st Century Zlatibor

Воодушевени од неодамнешните објави на најпрестижните светски instagram профили за архитектура, ентериер и дизајн, кои низ текст и фотографии, во суперлатив го претставија новиот апарт

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Со акцијата „Во спомен на Биби“, Адора обезбеди преглед на дојка за сите свои вработени жени

Под мотото „Свесни сме“, Адора Бизнис Групацијата организирано се придружи на розовиот октомври, месецот посветен на подигнување на свеста кај жените, за заедничка борба против

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ