DSC_0064

ОСВЕТЕН КАМЕН ТЕМЕЛНИКОТ НА КРСТИЛНИЦАТА ВО ЦРКВАТА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ-СКОПЈЕ

Поглаварот на МПЦ-ОА, Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, во присуство на ктиторот-семејството Чифлиганец и голем број верници, со света Архиерејска литургија и свечена церемонија, денеска ги освети темелите на новата крстилница во црквата Свети Јован Крстител, во Паркот со авион, на кејот на реката Вардар, во општина Аеродром, Скопје. Со крстилницата, што ќе се гради со донација на Македонската Православна Црква и градежната компанија Адора инженеринг, ќе биде заокружена архитектонската и религиозна целина на православниот храм, во чиј комплекс има камбанарија и фонтана. Крстилницата што во стилот на црковниот храм ќе се гради на површина од 130 м² со повеќе простории и ќе има продажба на сувенири, икони и свеќи, ќе овозможи достоинствено изведување на свечениот чин на крштевањето на верниците според православните христијански обичаи.

Според Архиепископот Охридски и Македонски токму на празникот Свети Јован Крстител, истоимената црква во општина Аеродром доби најубав дар-крстилница, со што уште еднаш се потврди градителската и хумана мисија на д-р Чифлиганец, генералниот директор на градежната компанија Адора инженеринг, под чие ктиторство црквата Свети Јован Крстител беше изградена и осветена во 2014-та година.

БЕСЕДА НА КТИТОРОТ ПРОФ. Д-Р ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ:   

„Почитувано Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г.г Стефан, почитувани чиноначалници на  МПЦ, претставници на институциите на држвата и општините, деловни партнери, роднини, пријатели.. Ви благодарам што и денес сме сите собрани овде, на брегот на Вардар, македонскиот Јордан, на светиот ден кога го славиме празникот Св. Јован Крстител, да го осветиме поставувањето на камен темелникот на објектот во кој ќе се вршат светите христијански крштевања. Горди сме што МПЦ и тимот на Адора инженеринг почнувајќи од денес, ке градат свет простор во кој ќе се  случуваат најсветите моменти на приемањето на христијанската православна вера.

Горди што тоа го правиме токму овде во  Општина Аеродром во која изградивме 1.500 станови и вдомивме толку семејства, кои сега ќе имаат простор каде ќе се вршат светите  кршевања. Целта на нашата мисија е да го зголемуваме христијанското семејство со нови поклоници и нови верници. Да бидеме сите сплотени и обединети во взаемната љубов, почит и толеранција кон припадниците на сите други вероисповеди. Единството и вербата во Бога сега ни се попотребна од секогаш, свесни во какво неизвесно и ризично време живееме.

DSC_0064 DSC_0080 DSC_0086 DSC_0088 DSC_0071 DSC_0048 DSC_0058 DSC_0006

Архива