11329627_992170557474447_1796196602_n

Успешна деловна средба меѓу менаџментот на Адора инженеринг со ген. дир. проф. д-р Ванчо Чифлиганец и претставници од НЛБ Тутунска банка Скопје

Менаџментот на Адора инженеринг со ген. дир. проф. д-р Ванчо Чифлиганец,  денес оствари средба со претставници од НЛБ Тутунска банка Скопје, при што разговараа за идните инвестициони проекти на овој градежен бренд. Состанокот се одржа во пријатна деловна атмосфера во Адора инженеринг, каде двете страни искажаа задоволство од досегашното заедничко работење и разговараа за подобрување на условите за станбено кредитирање на купувачите и за идните инвестиции кои ќе бидат повеќе десетици милиони евра. Адора инженеринг која има висок авторитет и кредабилитет во банкарскиот сектор, продолжува да се залага за олеснување на процедурата за добивање на станбен кредит, со што ја докажува грижата кон своите купувачи во процесот на давање информации, помагање за полесно аплицирање, побрзо завршување на постапката за добивање кредит и сè што е во интерес на сегашните и идните купувачи на стан.

11329627_992170557474447_1796196602_n 11281853_992170634141106_1741863074_n 11304435_992170644141105_2084955_n

 

 

Архива